Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адеми за Нова: УНЕСКО денеска ќе гласа за статусот на Охрид

0
By Нова ТВ on July 5, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска ќе се гласа за статусот на Охрид и по предлогот на Комитетот охридското подрачје да биде ставено на листата на загрозено светско културно наследство, потврди за НОВА, Министерот Едмонд Адеми кој е дел од македонската делегација на Самитот во УНЕСКО.

На дебатата пред два дена Адеми побара дополнителен рок до февруари 2020, за Владата да може да ги исполни сите препораки од УНЕСКО.

И охридскиот градоначланик Констанин Георгиевски кој исто така е во Баку очекува земајва да добие уште една шанса да се исполнат мерките за зштита на Охрид.

„Од голем број земји членки на Комитетот,  е констатиран напредокот во реализацијата на препораките. Се надеваме на поддршка и шанса, да продолжиме посветено и одговорно со реализација на мерките за заштита на Охрид и заедно да го зачуваме ова Светско наследство“ напиша Георгиевски на својот ФБ профил.

За разлика од владините преставници, невладиниот сектор побара УНЕСКО без одложување да го стави Охрид на листата на земји со загрозено наследство.

Претставничка на невладиниот сектор од Австрија гласно побара УНЕСКО да не се повлекува и да ја потврди одлуката со која Охрид ќе се стави на црвената листа на земји.

„Честитам на Комитетот кој даде јасна слика за ситуацијата во Охрид за сериозните закани за културното и природното наследство со кој Охрид се соочува со години. Со ваквата одлука меѓународната заедница ќе го вклучи алармот и ќе ја подигне свеста не само на политичките лидери туку и на бизнис заедницата и на граѓаните дека сегашната ситауција е спротивна на принципите на одржлив развој и на принципите за одговорно однесување со светското културно наследство. Ние сме убедени дека ако се усвои ваквата препорака УНЕСКО ќе ја преземе одговорноста да биде чувар на ова светско наследство“ кажа претставничка на невладина организација од Австрија на дебатата за охридскиот регион.

Претставниците на Комитетот на УНЕСКО и на Меѓународната Унија за конзервација на пририродата (IUCN) побараа Охрид да биде прогласен за загрзено наследство затоа што „најголем дел од препораките не се исполнети“. Тие потсетија дека  за проблемите се алармирало уште од 2013 година, но наместо запирање на урбанизацијата, таа само се интензивирала и препораките се игнорираат повеќе од 21 година.

Претставничката на Меѓународниот совет на споменици и градови( ICOMOS) нагласи дека оваа мерка треба да се воведе итно за да се спречи уништувањето на културното и природното наследство и вредност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.