Претседатлот на Комисијата за верефикиција на фактите, Томе Аџиев, во изјава за НОВА, демантира дека за време на седниците му упатувал закани по живот на членот на комисијата Чедо Дамјановски.
„Тоа не е вистина нема врска, не ми паѓа на памет да се занимавам со него, ако има некои проблеми нека си ги решава сам“, изјави за НОВА, Аџиев.
>>Дамјановски: Добивам директни закани по живот
Дамјановски денеска на прес конфереција изнесе дека добивал директни закани по живот од надворешни фактори, како и од претседателот Аџиев.