Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АЕН бара итно ослободување на Кежаровски

0
By Нова ТВ on June 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Асоцијацијата на европски новинари (АЕН) побара итно ослободување на новинарот Томислав Кежаровски, пишува во писмениот допис кој пристигна денеска. АЕН има статус на набљудувач во комитетот за медиуми при Советот на Европа и е една од многуте европски и светски организации кои се приклучија во протестот против апсењето на македонскиот новинар.

-АЕН е длабоко загрижена поради неодамнешните случувања во Македонија,каде истражувачкиот новинар Томислав Кежаровски е притворен и врз него наводно е вршено притисок да ги каже своите извори на информации за текст кој е напишан во 2008 година во кој тој открива идентитет на заштитен сведок.

-Неприфатливо е за земја која бара признанија за демократските стандарди и влез во Европската унија да го користи судскиот ситем за малтретирање и заплашување на новинарите на ваков начин. Македонија во моментов е рангирана на 116 место на последниот индекс на слобода на Репортери без граници, каде падна од 94 место кое го имаше претходно.

-Ова сигнализира брзо влошување во медумската средина во земјата, а притворот на новинарот Кежаровски демонстрира недостаток на потребната заштита на новинарите во земјата.

-АЕН изразува поддршка до колегата и неговото семејство и ги повикува македонските власти да го отфрлат случајот и да го ослободат од притвор без одложување, соопштуваат АЕН.

Истовремено, Здружението на новинар ги повика и амбасадите во РМ да се заложат за што поскоро расветлување на случајот со Кежаровски.

-Сметаме дека од аспект на етичкиот кодекс на новинарите, колегата постапил правилно кога ја објавил информацијата затоа што бранел легитимна цел, злоупотреба на заштитен сведок, во судска постапка за случај за убиство. Подоцна, заштитениот сведок јавно признал дека изјавата со која ги товарел осомничените како извршители на убиство, била изнудена од полицијата. Ако не ја објавеше информацијата новинарот, можело двајца граѓани да бидат осудени на долгогодишна робија во неразјаснети околности. Нашиот кодекс не обврзува да ги почитуваме законите на нашата држава, но исто така не обврзува да не криеме и да објавиме информација, која на било каков начин го загрозува јавниот интерес.
-Ве повикаме да се заложите за да се разјаснат околностите околу притворот на нашиот колега и да се дознае кои се обвиненијата против него, велат од ЗНМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.