Валентин Резниченко на Твитер напиша дека во текот на вчерашниот ден гранати го погодиле аеродромот во Дњепар и околната инфраструктура, пренесува „Би-Би-Си“.
Во одвоени напади, руското Министерство за одбрана соопшти дека се уништени четири противвоздушни ракетни системи С-300 кои наводно биле скриени во хангар на периферијата на градот.
Русија, исто така, посочи дека во нападот се фатени и 25 украински трупи. „Би-Би-Си“, пак, додава дека не може да ги провери таквите наоди, но ако се точни, тоа би бил сериозен удар за Украина која се надеваше дека противвоздушните системи ќе ја засилат нејзината одбрана.