Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аеродромци го блокираа булеварот „Јане Сандански“ кај Мајчин дом

2
By Нова ТВ on October 9, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Група од околу 200 граѓани денеска во 17 часот се собра пред Мајчин дом во скопската населба Аеродром, откако вчера беше почната изградбата на осумкатница. Граѓаните го блокираа булеварот „Јане Сандански“ и се обидоа да ги турнат тарабите со кои е оградена парцелата.

„На сила се ставени, на сила ќе ги турнеме“ извикуваа граѓаните кои ја туркаа оградата, која ја штитеше полицијата и приватно обезбедување на инвеститорот.

Граѓаните се организираа спонтано преку социјалните мрежи, а поддршка на протестот дадоа и граѓанските иницијативи „Сакаме Аеродром да дише“, „Во одбрана на Дебар маало“ и „Скопје смог аларм“.

https://www.facebook.com/NovatvWeb/videos/518005151960484/

„Го изгласавме Златко Марин да биде градоначалник токму поради ветувањето дека нема да се гради на оваа парцела“ – е најчестиот коментар од граѓаните кои се борат за заштита на зеленилото во општината.

Граѓанската иницијатива „Сакаме Аеродром да дише“ бара Златко Марин да се повлече од функцијата градоначалник на Општина Аеродром, бидејќи не го исполнил ветувањето кое им го дал на Аеродромци.

Марин денеска преку прес конференција уште еднаш се изјасни дека е против изградба на осумкатница на парцелата кај Мајчин дом, но дека е немоќен да направи било што за тоа да го спречи, и вината ја префрли кај поранешната власт.

-Мојот став за ова прашање е непроменет. Зграда пред Мајчин дом не треба да има. Фактите се дека претходното раководство на Општината предводено од ВМРО-ДПМНЕ го донесе овој ДУП без најава и без дебата. Ние направивме ревизија, а пред Уставниот суд се доставени 13 претставки по однос на ДУП-оти. Аеродром до судот ги достави и сите потребни документи, но до денеска нема одлука, Уставен суд ниту го стави ДУП-от во мирување, ниту го поништи, изјави Марин и рече дека го поддржува протестот.

На зеленилото пред Мајчин дом ќе гради фирмата ЗСФ ком, сопственост на Фатмир Етеми, поранешен пратеник од ПДП НДП, која на лицитација преку приватна банка го презеде градежното земјиште, а според поднесениот проект ги доби сите правни одобрувања за градба од општината во времето на Ивица Коневски.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.