Африканските лидери на состанокот во Париз се согласија да почнат “војна” со Боко Харам исламските милитанти на Нигерија.
Претседателот на Франција Оланд , кој беше домаќин на самитот, рече дека регионалните сили ветија да разменуваат разузнавачки информации и да ја координираат акцијата против групата.
Минатиот месец беа киднапирани 223 ученички во северо-источна Нигерија, каде што се базира Боко Харам. Нови напади беа пријавени во Нигерија и Камерун во текот на ноќта.
Илјадници луѓе се убиени од страна на Боко Харам во последниве години.
На самитот во Париз се собраа претседателите Франсоа Оланд, на Нигерија Гудлак Џонатан, и нивните колеги од Бенин, Камерун, Нигер и Чад.
Потоа, г-дин Оланд истакна дека учесниците се согласиле за “глобален и регионален акционен план”.
Тој рече дека се вклучени во “координирање разузнавање, размена на информации … надзор на границата, воено присуство особено околу езерото Чад и воена сила да интервенира во случај на опасност”.