Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Агенцијата „Фич“ го подобри рејтингот на Македонија во позитивен

0
By Нова ТВ on February 3, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Aгенцијата „Фич” соопшти дека го подобри изгледот на Македонија од негативен во позитивен, истовремено потврдувајќи го кредитниот рејтинг ББ.

На подобрувањето на изгледот влијаеше политичката стабилизација и подобрувањето на клучните меѓународни односи, а особено се нотирани напредокот на „Планот 3-6-9“ на Владата, резултатот на локалните избори како потврда на мандатот за реформи, како и активноста на СЈО околу прислушуваните разговори. Понатаму, Фич наведува дека дипломатските сигнали околу решавањето на спорот со името се позитивни, и дека Македонија очекува позитивна препорака од Европската Комисија и почеток на преговорите во текот на 2018 година.

Ревизијата на изгледот на позитивен, исто така, ги одразува оценките дека буџетскиот дефицит во 2017 изнесува 2,7% од БДП, наспроти предвидениот дефицит со ребалансот од 2,9%. Притоа, се истакнува зајакнатата доверба во посветеноста на Владата на фискалните таргети, како и плановите за постепено намалување на дефицитот на 2% на среден рок. Според оценките на Фич, во 2017 година, државниот долг изнесува 39,2% од БДП а јавниот долг изнесува 47,4% од БДП, што претставува прво годишно намалување на јавниот долг, после континуираниот 9-годишен раст од 23% од БДП во 2008 година.

На потврдата на рејтингот ББ влијаеа оддржувањето на ниска инфлација и финансиска стабилност, поддржани од кредибилна и кохерентна макроекономска и финансиска политика, конзистентна со долготрајниот фиксен девизен курс. Фич оценува дека растот на БДП во 2017 година изнесува 0,5%, при висок раст во последниот квартал на годината како одраз на закрепнувањето на индустриското производство, извозот и кредитирањето. Понатаму, се очекува дека растот на БДП ќе забрза на 3,1% во 2018 и 3,3% во 2019 година, како резултат на позитивните ефекти на политичката ситуација врз економските очекувања и економската активност.

Фич наведува дека врз подобрување на рејтингот може да влијаат подобрувањето на стандардите на владеењето и понатамошното намалување на политичката неизвесност, како и имплементацијата на кредибилна среднорочна фискална консолидација, конзистентна со стабилизација на учеството на јавниот долг во БДП. Наспроти ова, врз влошување на кредитниот рејтинг може да влијаат повторувањето на политичката нестабилност, фискалната недисциплина или потенцијалните обврски, како и проширувањето на дефицитот на тековната сметка, соопшти Министерството за финансии.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025

Гори небодерот на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025

Гори небодерот на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.