Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со еврокомесарот Хан и тројцата пратеници Едвард Кукан, Иво Вајгл и Кнут Флекенштајн, ги потврди изјавите на Касами од Беса и Села од Алијансата на Албанците дека Хан бара брзо конституирање на Собранието и состав на новата Влада.
Како што рече Ахмети тие остануваат на ставот дека ја дале поддршката на Зоран Заев и СДСМ и дополни дека доколку е потребно да се гласа за Влада без претседателот Иванов да го додели мандатот, тие ќе ја почитуваат својата одлука за поддршка на СДСМ.
Истовремено ја повика меѓународната заедница како и останатите политички лидери да работат на надминување на политичката криза за истата да не прерасне во меѓуетничка. Лидерот на ДУИ сепак изрази надеж дека по средбите со Хан, двете најголеми партии од македонскиот блок, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ќе ги надминат партиските интереси и ќе се постигне договор за конечно институциите да проработат