Лидерот на ДУИ Али Ахмети во Софија го објави последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот со Грција – тоа е „Горна Македонија“ , јавуваат македонските медиуми.
-Спорот за името меѓу Македонија и Грција не е потежок од спорот меѓу Косово и Србија“, рекол Ахмети на предавањето во Софија насловено„100 години од Балканските војни. Помирување и интеграција
Проблемот за името е многу емоционален, а таму каде што има емоции нема рационалност. Сосем нормално е, како трета страна посредник, да биде меѓународната заедница која треба на некаков начин да ги смири тие емоции, изјавил Ахмети.
Бугарските медиуми ја пренесуваат изјавата на лидерот на ДУИ кој порачал дека без притисок од меѓународната заедница и без помош од земјите во регионот, прашањето за името тешко ќе се реши.