Али Ахмети: Ние не ја носиме државата со себе – ние имаме право да ја водиме, тоа ни припаѓа. Албанците се над 30%, живеат континуирано на своите огништа и се нераскинлив дел од државноста. Од овој собир во Арачиново јавно му се обраќам на Христијан Мицкоски со барање да им објасни на албанските граѓани: Зошто го менува Законот за употреба на јазиците? Зошто го менува Охридскиот Мировен Договор? Зошто го загрозува мирот, стабилноста и безбедноста на државата? Ние не бараме Голема Албанија, ниту Голема Србија, ниту Голема Бугарија туку Голема Европа без граници, како што направија Германија и Франција. Западен Балкан обединет во Брисел, во мир и конечно помирување.