Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АХВ:Сами ги толкуваме резултатите,не бараме друго мислење за алкохолот

0
By Нова ТВ on October 19, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пијалоците кои содржат кофеин од било кој извор, во количина поголема од  150 милиграми на литар, потребно е само да се означат со ознаката ,,висока содржина на кофеин,, што е сторено и во конкретниот случај, односно, ваквото означување и тогаш било истакнато на производот кој се извезува и на пазарите во  Европската унија, се вели во реакцијата на Агенцијата за храна и ветеринарство, а се однесува на обвинувањата на заменик министерот Љупчо Николовски дека во државата влегол алкохолен пијалок со кофеин на дозволените граници.

„Прописите се јасни, недвосмислени и важат еднакво за сите, а во конкретниов случај тие се повеќе од јасни и на страна на вистината. Согласно Правилникот за начинот на означување на храната (Службен весник на РМ број 118 од 2005 година), кој е комплетно усогласен со европските правила за означување на храната, кој беше на сила во моментот кога е увезен пијалокот, кој само за Николовски е небезбеден. Во него, во членот 19 јасно е дефинирано дека пијалоците кои содржат и кофеин од било кој извор, во количина поголема од  150 милиграми на литар, потребно е само да се означат со ознаката ,,висока содржина на кофеин,, што е сторено и во конкретниот случај, односно, ваквото означување и тогаш било истакнато на производот кој се извезува и на пазарите во  Европската унија.

Стручното мислење од Институтот за јавно здравје на кое се повикува Николовски,  не е во согласност со Правилникот за начинот на означување на храната. Истото не е ниту побарано, ниту одобрено од Агенцијата за храна и ветеринарство која како стручна и одговорна институција за безбедноста на храната сама ги толкува резултатите, поради што истото  се смета исклучиво за став на Институтот за јавно здравје и за личен став на одговорното лице кое го подготвило конкретното стручно мислење“, се вели во реакцијата на Агенцијата за храна.

Од оваа институција обвинуваат дека Николовски се води од политиканство и ситни политички поени.

„Понесен исклучиво од политикантство и воден од интересот за собирање на ситни политички поени и денес  техничкиот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски, повторно  некомпетентно и нестручно толкувајќи ги резултатите од лабораториските анализи од Институтот за јавно здравје, граѓаните, родителите, свесно ги доведе во заблуда, сервирајќи невистини дека пијалокот Ламар увезен во земјава е небезбеден и во опасност го доведува здравјето на луѓето.

Обидот на Николовски и овој пат да најде тема за да води политика под превезот на грижата за здравјето на граѓаните, денес само ги доведе во заблуда и свесно ги изманипулира потрошувачите, атакувајќи на институцијата која води континуирана грижа за безбедноста на храната и за здравјето на граѓаните.

Не само нестручноста, туку и со елементарната неспособност се читаат прописите за безбедност на храната, Николовски и овој пат шири паника, сакајќи ја да  урне довербата на граѓаните во институциите на системот и несвесно сее страв за здравјето на потрошувачите“, се вели во реакцијата на Агенцијата за храна.

 

алкохол АХВ кофеин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.