Со организирање светлосно шоу на Ајфеловата кула, Париз и оддаде почит на организацијата на УНЕСКО по повод 75-тиот роденден на агенцијата на ОН.
Во знак на пријателство меѓу главниот град на Париз и оваа организација, каде што од 1946 година е нејзиното седиште, на кулата, до логото на УНЕСКО, се испишани зборовите „75 години“, како и стилизиран грчки храм со натпис „симбол на надеж за создавање мирен свет“.
Светлосното шоу на Ајфеловата кула е дел од пошироката церемонија која вклучуваше посета на повеќе од 20 шефови на држави и прикажување на делата на бразилскиот фотограф Себастијао Салгадо во седиштето на организацијата.