По неколкумесечно затворање поради корона пандемијата, Ајфеловата кула во Париз повторно ќе биде отворена за посетители од 16 јули, објавија медиумите во Франција повикувајќи се на извори од „Сет“, операторот на обележјето во Париз.
Бројот на посетители ќе биде ограничен на 10.000 на ден со цел да се исполнат барањата за дистанцирање. Тоа, според оператор, е половина од капацитетот од пред корона пандемијата.