Во голема полициска акција под име „Гибралтар“ во Босна и Херцеговина се уапсени неколку лица за финансиски криминал, а меѓу уапсените и директорката на ТВ Пинк во Босна.
Уапсени се и директори на Телеком фирмата ХТ и уште неколку други лица вмешани во откуп на права на пренос на значајни спортски натпревари.
Уапсените на основа на фалсификување или штетни договори и фактури извлекувале пари со што стекнале противправна корист во износ од пет милиони евра.