Славјанка Петровска: При носењето на Буџетот за 2026та година Министерот за одбрана Мисајловски се пофали дека буџетот за одбраната расте, истористи најголем.
Денес чув изјава од репрезентативниот синдикат дека 2 години нема зголемување на платата на припадниците на Армијата и дека од Мисајловски добиле одговор дека нема да има зголемување.
Прашањето кое се поставува е дали растот на Буџетот е реален или фиктивен?
Ако е реален тогаш правилото е како расте буџетот за модернизација и инвестиции, така мора да се зголемува и стандарот на припадниците на Армијата и вработените во одбраната.
Нема силна држава без силна одбрана, а нема силна одбрана без задоволни и мотовирани припадници.
Кога сте власт мора да давате решенија, а не изговори.
П.С. Две години чекам министерот за одбрана да одговори на мојот повик за ТВ дуел па да одговориме многу прашања, а богами и да разобличам многу лаги кои тој ги шири.
Извор: Фејсбук



