Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ако се попише некој без државјанство, автоматски се поништува, вели Заев

0
By Нова ТВ on March 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во пописот на Република Северна Македонија се попишуваат граѓаните кои имаат македонско државјанство, истакна денеска премиерот Зоран Заев по лидерската средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со попишувањето на дијаспората и некои тврдења дека се самопопишуваат лица, кои не се државјани на Северна Македонија.

-Јас не мислам дека некој може да го спречи тоа попишување, но тоа не е валидно, затоа што ние во базата на податоци имаме кој има македонско државјанство. Во пописот на Република Северна Македонија се попишуваат сите граѓани кои се државјани. Тоа значи дека секој што нема државјанство не може да се попише. Тоа значи дека ниту Американец, ниту Швајцарец, ниту Германец, може да се попише затоа што нема државјанство, истакна Заев.

Нагласи дека дури и доколку некој без државјанство внесе податоци во системот, тие нема да бидат веродостојни и автоматски се поништуваат.

-Го имаме регистерот на населението, ги имаме државјанствата, ги имаме од тие државјанства, кои се резиденти, кои не се резидентни, односно повеќе од една година живеат надвор од државата и не може да се направи никаков фалсификат во оваа статистичка операција. Го знам законот, правилата на Евростат, ние го имаме изводот на државјани на државата. Ако кој било што не е државјнин се попише, тоа ќе биде анулирано, истакна премиерот.

Согласно постигнатиот договор со Мицкоски за одложување на пописот од 5 до 30 септември, Заев потенцира дека продолжува процесот на самопопишување на дијаспората дотогаш.

На новинарското прашање зошто на дијаспората и се дава можност да се попишува седум месеци, а на граѓаните тука еден еден месец и зошто на граѓаните во земјава не им се даде можност за електронско попишување, наместо физичко Заев одговори дека кога се бара консензус се наоѓаат начини никому да не се наштети, додавајќи дека дијаспората веќе почнала да се попишува и досега собраните податоци на околу 200 илјади треба да бидат верификувани и потврдени, со цел да се мотивираат да се самопопишат сите кои живеат надвор.

-Физичкото попишување е секако поризично од онлајн попишувањето и затоа прифативме прво да ја дозволиме помасовната имунизација на населението, посебно имунизацијата на попишувачите. Тврдењето на лидерот на опозицијата дека по втората вакцина се стекнува имунитет во ред, ако тоа значи од нивна страна повик за попис, ако значи поддршка на резултатите од пописот секако покажавме разбирање. Онлајн попишување ако дозволиме дома, тогаш никој физички нема да се попише и тоа не е во ред, рече Заев.

Додаде дека таква можност секако останува за граѓаните кои ќе бидат позитивни на коронавирусот во тој период.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.