Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ако речат НЕ, тогаш не се за таму …

0
By Zoran Ivanov on May 10, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 10, 2025 09:44

Па да, сите пари на светот не можат да го направат тоа. Сите резерви на злато не можат да ја покријат загубата на најмилите, да ги вратат ИЧ, да ја камуфлираат одговорноста на власта. Сите го знаеме ова, го знаат и родителите на починатите, го знае секој здрав разум во државава, го знаат и оние во власта. Ниту една влада може да собер толку пари за да ја ублажи болката за загубата.

Борче Трајковски

На ужалените родители од Кочани не им требаат пари кои владата ќе им ги уплати за да им ја ублажат болката и тагата, кобожемски да ја компензираат загубата на нивните деца, а тие да се претстават како грижлива власт, ниту им требаат изрази на длабоки сочуства од министрите, насолзени очи кај премиерот, кај пратениците, за да ја измијат сопствената вина за семејните трагедии во Кочани. Сите гледаме што прават после трагедијата, гледаме дека “уво ги заболе“ и за настанот и за огромните загуби на млади човечки животи.

Први се на граничниот премин Богородица за користење продолжени викенди, одат на непланирани седумдневни одмори, се луксузираат во кафиќи со енормни износи, се селфираат на екстремно скапи патувања во земјата на изгерјсонцето, притвараат и однапред осудуваат лица кои немале никаква директна врска со пожарот во “шталата“ во Кочани, прават се’ само тие или некој од нив во врвот да нема одговорност. Сите се виновни само владата НЕ. На крај, родителите ќе испаднат виновни што ги пратиле децата во смрт…

Власта продолжува да ја злоупотребува власта. Се качуваат на авиони во ноќни екскурзии, заакуваат низ светот за да потрошат најмалку пет пати повеќе од оноа што решиле да им го уплатат на ужалените родители, планираат десетици милиони евра за авион мислат дека ние сме глупи ко “точак“ да купуваат. Видете им ги антрополошко анатомските изобличувања и се’ ќе ви стане јасно. Всушност би требало.

Сите знаеме како и какви влегле во политиката – т’нки, слаби и безлични, за да после најмалку една година стануваат топчести во главите, со онолкави мевови и г’зови кои тешко се креваат од државните фотелји, нафатирани со милиони евра украдени пари стекнати на коруптивен и криминален начин, знаејќи дека никој за тоа нема да ги гони. А не само на ужалените родители од Кочани, туку на сиот здрав разум во државава му треба брза и ефикасна правда за најодговорните за пропуштената безбедност во објектот во кој изгореа живи деца. Ни треба вистинска и права правда, не политички паради.

Ни требаат гаранции за безбедност за младите секаде и во секое време, не пиштолџии и автомобилски убијци во кафиќите односно на улиците и дење и ноќе. Ни треба ефикасна истрага и одговорност за виновниците. Тоа ни треба. Сите кои ја делат болката со секој загубен живот, им треба правда и сигурност, затоа што имаме наши деца и внуци кои учествуваат во ноќни забави во најразлични објекти за кои не знаеме дали се заштитени, дали се сигурни и се потенцијални следни жртви. Немаме гаранции дека објектите се проверени, дека се лиценцирани, дека се безбедни, дека не се опасни. Напротив, секојдневно имаме нови млади мртви и во кафулињата и на булеварите…

Ќе не’ лажат и мантраат до бесвест со флоскулите дека сме НАЈ безбедна држава, НАЈ напредна, НАЈ економски независна, НАЈ сигурна, затоа што помила им е власта од брзата правда, а солзите кои ги покажуваат како израз на жал не се солзи на сочуство, туку солзи за жал од евентуално губење на позициите во власта која им обезбедува иднина за неколку поколенија. Другите кој ги шиша. Нека гинат во пожари и под тркалата на нивните бесни следбеници. Ги заболе за жртвите во Кочани, за секојдневните убиства, за смртно прегазените на сообраќајниците…

Кои се тие дијаманти во светот што би можеле да ја покријат загубата на најмилото, на сопственото дете во цветот на младоста? Колку пари чини смртта на тинејџерите во “шталата“ во Кочани, за да ужалените мајки, татковци, баби и дедовци ја ублажат болката? Па да, сите пари на светот не можат да го направат тоа. Сите резерви на злато не можат да ја покријат загубата на најмилите, да ги вратат ИЧ, да ја камуфлираат одговорноста на власта. Сите го знаеме ова, го знаат и родителите на починатите, го знае секој здрав разум во државава, го знаат и оние во власта.

Ниту една влада може да собер толку пари за да ја ублажи болката за загубата. Политичарите не ги отвараат сопствените паричници, не брцаат во своите џебови подлабоко за да донираат помош, а кога тоа ќе го направат, нема поголема фарса од вистината дека некоја пратеничка која за два мандати се стекнала со седум станови во Скопје со две куќи, некои со хотели и мрачни хациенди, и наплаќаат патарини во десетици илјади евра годишно, сега се чаламат дека доделиле една пратеничка плата за ужалените. Арам се таквите донации, отфрлете ги, вратете им ги…

Не прифаќајте пари од владата и од кој било политичар, не заради тоа што нивната понуда ќе биде во висина на нивна едно дневна визита на Осака, помалку од еднонеделно мени во кафиќи, туку прашајте ги дали чувствуваат вина. Ако речат “Да“, тогаш нека заминат од таму каде што се, ако речат НЕ, тогаш не се за таму…

Тенкју…

Од Фејсбук ѕидот на авторот

болка Борче Трајковски Влада колумна Кочани родители ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.