Откако лекарите му соопштија на досегашниот фронтмен на AC/DC, Брајан Џонсон дека е најдобро да ги прекине настапите поради проблеми со слухот, легендарниот рок-бенд соопшти дека Аксел Роуз и официјално ќе биде новиот фронтмен за претстојните турнеи.
Фронтменот на Guns & Roses на 7 мај во Лисабон ќе настапи со AC/DC, а потоа следува европската турнеја со 12 концерти.
„Сакавме оваа турнеја да заврши како што почна, но ја разбираме почитуваме и поддржуваме одлуката на Брајан да престане и да си го спаси слухот“, се вели во соопштението на бендот.
Роуз ќе биде третиот пејач на популарните AC/DC по Бон Скот и Брајан Џонсон.
Аксел од друга страна неодамна почна со повторно обединување на неговиот бенд во кој се очекува и враќањето на еден од најдобрите гитаристи изминативе децении – Слеш.