Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Активисти го чекаат возот со мигранти,МВР нема потврда за затварање на границата

0
By Менче Атанасова Точи on July 19, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во МВР немаат официјална потврда од српска страна за затварање на границата во Табановце, за мигрантите. Според информациите кои ги добиле на граничниот премин, таму во моментот нема застој и досега никој не е вратен од граница.

„На граничниот премин Табановце никој не е вратен, нема официјална потврда од српска страна за затварање на границата“, изјави за НОВА портпаролката Лиза Бендевска.

Но, мигрантите не ја поминуваат легално границата во Табановце, велат од невладината организација Легис. Кога ќе се симнат од возот тие одат длабоко во шумата каде што чекаат момент за да преминат, нелегално.

„За што точно се работи ќе се знае дури вечер по пристигнувањето на возовите во Табановце“, вели Јасмин Реџепи од „Легис.“

На информацијата на НОВА добиена од дипломатски извори, дека Србија одлучила да ја затвори границата со Македонија, на Табановце и тоа е сторено утринава околу 7 часот, во УНХЦР велат дека немаат официјална информација за такво нешто. Објаснувањето на Србија за овој потег е дека во бегалскиот камп во Прешево повеќе нема место. Кампот е преполн и нема капацитет на прима нови мигранти.

Од УНХЦР посочуваат дека мигрантите се пуштаат во групи и кога ги има во голем број од српска страна, во кампот во Прешево, во еден момент се прекинува со нивно пропуштање. Но кога ќе се намали гужвата се пушта нова група, предност се дава на жените и децата.

Во Црвениот крст исто така велат дека нема застој на границата, а нивните активисти сега најмногу интервенираат кај хроничните болни, поради топлото време, во случаи со дијализа, луѓе со ампутирани екстремитети, со ортопедски помагала.

„Ние им даваме терапија која е доволна за да стигнат до следната дестинација каде што ќе им биде пружена помош. Сега интервенираме најмногу на хроничните болни, им носиме повеќе вода, а од утре ќе им бидат дистрибуирани хигиенски пакети на мажи, жени, деца“, изави за НОВА Сузана Тунева од Црвениот крст.

Од „Легис“ велат дека nивните активисти следат што ќе се случува вечерва. Дали станува збор за кратко затварање на граница или Србија се подготвува да го спречи влезот на мигрантите, останува да се види.

Во бегалскиот камп во Прешево секојдневно пристигнуваат од 800 до 1000 бегалци на кои им се издават потврди, а од 8 јули досега низ него поминале повеќе од 6 илјади луѓе. Мигрантите се стационирани или во меѓузоната или во Прешево.

Според српските медиуми таму населението несебично им помага на бегалците кои спијат на тротоарите пред куќите, како и во привремениот камп, нудејќи им купатила, храна и облека. Таму се и активистите на Црвениот крст и УНХЦР.

Српските медиуми пишуваат дека ѕидот кој се гради на унгарско-српската граница ќе им ја смени рутата на бегалците, односно ќе ги пренасочи влезот во Европската унија да го бараат преку Хрватска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.