Активистот Роб Гринфилд во обид да го сврти вниманието на јавноста на тоа колку многу храна се фрла во САД, одлучи една недела своите оброци да ги обезбедува токму од контејнерите.
Роб Гринфилд од Сан Диего го наполни својот фрижидер во овошје, зеленчук и јаглехидрати во вредност од 200 долари, а кои успеа да ги пронајде во контејнерите од локалните продавници.
„За некои луѓе ова би било гадно, но се само работа на нечија перспектива“, изјавува Гринфилд.
Тој беше популарен во медиумите кога кога патуваше низ Америка со својот велосипед и кога исто така се хранеше исклучиво со остатоци од контејнери.
Според службените податоци, во Америка секоја година се фрла храна во вредност од 165 милијарди долари.
Како потврда на својот труд, Гринфилд во Сан Диего ќе организира вечера на која ќе се служи исклучиво храна од контејнери.