Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Активни девет пожари, најкритично во Старо Нагоричане

0
By Ivana on August 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Активни во моментов се девет пожари, а состојбата е најсериозна во Општината Старо Нагоричани, околу селото Дренак. Состојбата се менува од час во час, но ние ги имаме ангажирано сите расположливи ресурси, и верувам доколку не се појават нови, во текот на денешниот ден ќе воспоставиме целосна контрола врз сите пожари, изјави за МИА в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Тој посочи дека состојбата е најкритична околу селото Дренок, а во овој момент таму дејствуваат три хеликоптери од Србија, заедно со еден наш Армиски хеликоптер. Ангелов очекува наскоро тој пожар да  биде ставен под контрола.

Втората посериозна ситуација е околу Пехчево, каде што исто така утрово делуваше хеликоптер на Армијата, кој што се повлече за дотур на гориво и истиот повторно ќе се врати да дејствува, да продолжи со гаснење на пожарот околу тоа село, изјави Ангелов.

Други активни пожари во овој момент има во Валандово, во месноста Погана, кој исто така зафаќа поголема површина со ниско стеблесто растение. Потоа, во кумановското село Коњув, околу селото Мурашав во Кратово, пожар има и во Прилеп, поточно на Плетвар, и уште еден пожар во Делчево.

Исто така, и пожарот во Кочани што гори веќе трет ден, но како што посочи Ангелов, таму е упатен голем човечки потенцијал и имаат контрола врз него.

– Состојбата се менува од час во час, и ние однапред не можеме да предвидиме како пожарите ќе се однесуваат затоа штои исклучително сувата вегетација и високите температури, но и ветерот кој што дува особено во источна Македонија придонесува за брзо ширење на пожарот, но и за брзо менување на правците, рече Ангелов.

Во однос на пожарот во Валандово, пожарот се шири во различни правци, затоа што ветрот на едно место дува во една насока, а на само 500 метри, дува во друга насока. Но, Ангелов напомена дека имаат контрола врз ситуацијата.

– Дури имавме ситуација, конкретно во Валандово, во текот на вчерашниот ден јас ја посетив Гевгелија и Валандово односно двата пожари, со свои очи да видам што се случува на терен, за пожарот во Валандово има една карактеристика дека на одредено место ветрот дува во една насока, а само 500/600 метри понатамау дува во друга насока. Пожарот се шири во различни правци, но генерално имаме контрола врз ситуацијата. Ги имаме ангажирано сите расположливи ресурси и верувам доколку не се појават нови пожари во текот на денешниот ден ќе воспоставиме целосна контрола врз сите пожари, изјави Ангелов за МИА.

Како што посочи, од Србија веќе има четири хеликоптери, но бидејќи гаснат на туѓа територија, во придружба се со еден наш армиски хеликоптер.

-Од Србија имаме четири хеликоптери од кои три се за гаснење едниот е за извидница. Мора да имаме во предвид дека овие хеликоптери гаснат на туѓа територија која што не ја познаваат, и затоа мора да бидат придружени од еден наш армиски хеликоптер. Токму тоа беше причината вчера кога тие веќе беа подготвени да не можат да полетат, бидејќи нашите хеликоптери беа на терен и гаснеа. Доколку ги повлечевме назад за да ги земат српските во придружба, ќе се намалеше видливоста и истите немаше да можат да полетат, немаше време, додаде Ангелов.

Тој посочи дека е побарана и помош и Словенија и Грција, но дополнително ќе информира кога би требало да пристигне.

активни пожари Старо Нагоричане
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.