Центарот за управување со кризи информира дека во моментов се активни девет пожари, меѓу нив и пожарот на депонијата во Визбегово, како и во Чучер Сандево.
Од ЦУК напоменуваат дека пресекот е изработен врз основа на информации од регионалните центри. Од Регионалниот центар – Скопје се добиени податоци само за периодот од 20:00 до 07:00 часот.
Состојба со пожари на отворен простор (09/10.07.2025 до 07:00 часот)
Вкупно активни пожари: 63, од кои:
Активни: 9
Под контрола: 4
Локализирани: 1
Изгаснати: 49
Активни пожари (9):
- Чучер Сандево – Блаце (ниска вегетација)
- Шуто Оризари – с. Визбегово (депонија)
- Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (мешана шума)
- Македонски Брод 1 – помеѓу с. Црешнево и с. Локвица (дабова шума и грмушки)
- Македонски Брод 3 – с. Рамне (ниска вегетација, пожар проширен од фабрика „Самоков“)
- Македонски Брод 4 – с. Слатина (мешана шума)
- Македонски Брод 5 – с. Ковче (мешана шума)
- Чашка – под Солунска Глава, м.в. Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (чад во карпест дел)
- Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума)
Локализиран пожар (1):
- Кочани – м.в. Бабиште, помеѓу с. Јастребник и с. Полаки (ниска вегетација и мешана шума)
Пожари под контрола (4):
- Делчево – Градска депонија „Острец“
- Виница – с. Драгобраште (ниска вегетација и нискостеблеста шума)
- Крива Паланка – с. Градец и с. Лозаково (борова, дабова и багремова шума)
- Желино – с. Ларце – различна локација (мешана шума)
Изгаснати пожари (49):
- Скопски регион: Гази Баба (Смилковско), Шуто Оризари, Куманово (11 локации), Чучер Сандево
- Пелагониски регион: Прилеп (7), Битола, Могила, Крушево (2)
- Вардарски регион: Велес (5), Кавадарци, Росоман
- Источен регион: Кочани, Виница, Делчево, Пробиштип (3), Чешиново-Облешево
- Североисточен регион: Ранковце, Кратово, Старо Нагоричане (2)
- Југоисточен регион: Радовиш, Ново Село, Дојран
- Повардарски регион: Свети Николе (3)
- Полошки регион: Желино (2), Теарце, Гостивар, Јегуновце.