Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Акто: „Филозофија на паланката“, на српскиот режисер Златко Паковиќ

0
By Нова ТВ on September 26, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Акто, кој годинава е насловен „Поп ап Акто“, се одржува во четири градови – Битола, Скопје, Тетово и Штип.

– Првиот дел од фестивалот измина во знакот на кампањата Децата на планетата Земја која се одржуваше во соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права, МОФ и Фондацијата Отворено општество – Македонија. Изминативе три дена почнувајќи од петокот имавме можност да проследиме програма во Мобилната галерија, во саботата имавме целодневна програма со дебати и други настани, а вчера го посетивме кампот Винојуг и бегалците од Сирија и Авганистан кои се таму,  рече Ивана Васева, програмски директори куратор.

Програмата на Акто  во Скопје, продолжува од утре до 28 септември, кога фестивалот во Скопје, се затвора со претставата „Филозофија на паланката“ во режија на Златко Паковиќ.

– Утре вечер ја имаме изложбата „Колективна одлука“ која практично се надоврзува на она што го раотевме во Битола каде што поканивме колективи да работат на одредени теми. Во Скопје имаме три нови колективи, едниот е „Бед компани“ од Загреб, другиот колектив Владан Јеремиќ и Рена Радле од Белград, потоа Нада Прља и Даниел Серафимовски од Скопје и „Културлифт“ од Загреб. Сите овие колективи ја преисипитуваат улогата на уметноста во одреден социјален контекст, работат и ги вклучуваат заедниците, рече Филип Јовановски, директор и куратор на фестивалот

Интересно е што оваа изложба  ќе биде отворена во Железничката зграда, што е придонес на Акто фестивалот во регионалниот проект „Кога зградите би можеле да зборуваат“, каде преку серија активности, Акто се обидува да ја заживее заедницата на станарите во оваа историска скопска зграда.

Утре ќе почне и дводневната регионална конференција на тема „Вадење од контекст: самоуправа и одржливост“

– Според мене клучно е што скопскиот дел од фестивалот го затвораме со претставата „Филозофија на паланката“, во режија на Златко Паковиќ, која, според мене, е многу актуелна и симболична  во контекст на темите на фестивалот. За прв пат се игра во Македонија и го заокружува контекстот на фестивалот во Скопје и е одговор на различните паланечки форми на креирање култура во нашиот контекст, рече Јовановски.

Претставата „Филозофија на паланката“ според филозофското дело на Радомир Константиновиќ,  се занимава со искуството на српската паланка или паланката во Србија, но кое е универзално по своите тези.

– Ние денеска и неолиберализмот можеме да го гледаме како израз на духот на паланката на глобало ниво и јас за тоа говорам во овој ораториум, за кој го напишав либретото. Едно од откритијата на ова дело е дека тоа е критика на омразата кон животот, а е и будење и наговор на протест, на борба и откривање на едно поле на ентузијазам во егзистенцијата на секој човек, значи еден вид покана за радост.

Го анализирам српскиот национализам, со примерот на Добрица Ќосиќ, кого го сметаат татко на нацијата. Ќе видите дека национализмот е всушност омраза кон сопствениот народ и претставува убивање на сопствената нација. Оваа претстава ја погоди целта – во духот на паланката. Говорејќи за српскиот национализам, говорам за национализмот насекаде, па и за македонскиот национализам. рече Златко Паковиќ, режисер

Претставата премиерно беше прикажана во Белград, во јануари, и ја следеле голем број проблеми, заради темите што ги обработува, а била прикажана и во Центарот за деконтаминација во Белград и во Нови Сад. Меѓу другите врвни изведувачи, во претставата настапува и светски познатата оперска пејачка Катарина Јовановиќ.

– Да се игра оваа претстава значи да се мапираат местата на слобода, за жал таа не успеа да се игра во сите градови во Србија, рече Паковиќ.

Утре, (27 септември) во соработка со Плоштад Слобода ќе се одржи Кич тура низ обележјата на Скопје 2014, а во среда (28 септември) е организирана  прошетка низ местата на борба на 12-скопска бригада, со кое се отвора и темата на антифашизмот.

– Се обидуваме да ја преиспитаме улогата на културата и уметноста во овој политички контекст, во кој е неверојатно тешко да се занимавате со култура, токму затоа поканивме гости,  со организирање на микро заедници, со кои се  обидуваме да ги преиспитаме културните парадигми. Претставата „Филозофија на паланката“ е идеална за нашиот фестивал и за темите со кои се занимаваме, рече Јовановски.

АКТО Фестивалот за современи уметности е организиран од Здружението за култура и уметност ФРУ – Факултет за работи што не се учат и е поддржан од УСАИД (повеќе информации за фестивалот Акто на интернет страницата http://akto-fru.com/)

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
ФОКУС

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

СВЕТ November 2, 2025

Белград: Тензично е пред српскиот Парламент, каде што Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.