Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алаѓозовски откри скандалозни наводи за азбест во МОБ

0
By Нова ТВ on December 8, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Во Македонската опера и балет, во завесите од приближно 700-тини метри квадратни има азбест. Кај 90 проценти од хористите се констатирани проблеми со дишните патишта, откри денеска првиот човек на Советот за култура на СДСМ, Роберт Алаѓозовски

Скандалозно, од надлежните институции имало потврда дека завесите содржат азбест. Треба да биде утеха нивното тврдење дека тој азбест е во тврда состојба и затоа, замислете, не бил “толку штетен“?!

Ете тоа е само малата слика од оваа институција. Која останува да бледее во сенка на милионскиот нов Театар, на чиј црвен тепих вчера продефилираа скапи бунди, штикли и костуми. Оставајќи ја некаде надвор реалноста на “невидливиот“ човек.

Зошто невидлив?

Зашто Канчевска Милевска и Министерството за култура се запознаени за условите во кои работи Хорот при Македонската опера и балет.

Ова е само дел од бројната документација со којашто Синдикатот и вработените се обидувале да допрат до очите на надлежните. За жал свртени кон милионите евра со кои изминативе години се ѕида Скопје во камен.

Хорот при Македонската опера и балет цели 8 години работи без Колективен договор!

Право на работникот загарантирано со Устав! Платите на хористите се пониски за близу 37 проценти во однос на Оркестарот и Балетот. Затоа што така одлучил директорот на Македонска опера и балет. И за ова, во ова писмо, работниците и се жалат на министерката Канчевска Милевска.

Со одлука на Уставниот Суд е повлечен член 28 од Законот за Култура, што го укинува правото на Директорот на МОБ да ги одредува платите на вработените. Но, оваа измена на Законот грубо се прекршува и никој на тоа не реагира.

Дали требаат и други примери за дискриминацијата на уметниците?! Еве уште еден. Со владина одлука e одлучено на хористите на МОБ да не им биде платен ангажманот за државната прослава за 8-ми септември!

СДСМ во својата нова културна политика, веќе во првите 6 месеци да спроведе низа мерки кои што ќе се однесуваат на санација на најзагрозените делови од нашиот културен систем. Советот за култура на СДСМ донесе нова културна политика и серија на мерки во кои што фокусот ќе биде на одржување и развој на сегашниот културен систем, а не на фараонски проекти.

Тоа значи дека под итно ќе ја скенираме состојбата на теренот и ќе вложиме средства за културната инфраструктура која што во овој момент се распаѓа од најпрестижните институции како што е примерот со МОБ и Музејот на Р. Македонија. Ќе вложиме во обезбедување на достоинствени услови за работа на луѓето од културата и ќе ги поттикнеме институциите да создадат долгорочни планови за одржлив развој.

Според нашите проценки доколку само 10 проценти од парите злоупотребени во скапиот проект Скопје 2014, беа наменети за институциите од вистинскиот културен систем, немаше да има ситуации како денешната, немаше да има влага по музејските депоа, немаше спомен куќите да се уриваат, а уметниците во културата да се чувствуваат дискриминирани, соопшти Алаѓозовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.