НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аларм: Кучиња скитници се хранат со медицински отпад, крвта истекува во Вардар

0
By Нова ТВ on February 3, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Опасен медицински отпад е откриен во погоните на „Еко клуб“ сместени во просторот на Металски Завод во Скопје. Случајот е пријавен во скопското Јавно Обвинителство, а увид на терен извршиле полициски инспектори, крим-техника и инспектори за животна средина. Според нашите извори, околу 22 часот, една вечер во декември, иако дозволата за работа на „Еко клуб“, лиценцирана компанија за управување со отпад, е со работно време до 17 часот, од страна на еден градски инспектор и советник во една скопска општина, сликани биле
фотографии и направено е видео кои покажуваат што навистина се случува во погоните каде што се обработува медицинскиот отпад.

Извори од обвинителството за Нова ТВ пренесуваат дека, под изговор оти работат во трета смена, малкутемина работници го обработувале медицинскиот отпад на несоодветна машина, односно опрема која се користи за поинаков вид отпад, но не и за медицински. Ако се користи за медицински, како во случајот, тогаш отпадот не се обработува (уништува) целосно, туку му се прави примарно дробење, но со оглед дека таа опрема не постигнува висока температура потребна за усмртување на бактериите, особено од крвавите делови на отпадот, заразите, опасни по здравјето на луѓето, не се уништуваат целосно.

Изворите пренесуваат дека работниците, иако работеле надвор од пропишаното време и не го третирале отпадот како што налагаат правилата, немале никаква соодветна, лична заштитна опрема, што самото по себе значи дека прво тие се изложени на заразите што се шират од медицинскиот отпад, а потоа работниците се и потенцијална опасност за своите семејства и пошироката средина.

Според вклучените во истрагата, просторот во кој се складира и обработува медицинскиот отпад е лесно продорен за кучиња скитници и тие, отпадоците кои паѓаат наоколу, ги користат како храна за преживување. Запрепастувачки е тоа што кучињата не се присутни само во дворот на Металски завод, во околината на „Еко клуб“, туку тие имаат пристап и внатре во работните простории, директно до несоодветната машина која го обработува медицинскиот отпад. Овие животни, после работниците, се уште една ризична група која лесно се заразува од отпадот, а со оглед дека станува збор за улични кучиња и тие се потенцијална опасност од болести, пред се можат да ги пренесат на децата кои често им обрнуваат внимание на кучињата скитници и сакаат да си поиграат малку со нив.

Како и да е, случајот наложува итна реакција на поголем број институции, изрекување казни за третман на отпадот, здравствени проверки на сите вработени, како и откривање на што поголем број кучиња кои живеат во дворот на Металски завод, но и во погоните на „Еко клуб“. Во моментот кога инспекторот за животна средина бил присутен, во „Еко клуб“ имало 30-тина контејнери со медицински отпад, најверојатно од Битола и од Прилеп. На нив имало назнаки дека се работи за опасен материјал, а како се складирал, како се обработувал и дали недоработен се транспортирал во Дрисла, ќе мора да утврдат надлжените органи.

Застрашувачка е информацијата дека камион за комунален отпад бил користен за медицински. Дополнитено и пострашно, од камионот се цедела крв која се ширела насекаде низ просторот, а дел истекувала во атмосферската канализација, или поточно во Вардар, или некои други теченија, води кои потоа се користат за наводнување. Со еден збор, преку крвта од медицинскиот отпад се загадуваат и почвата и водите, а понатаму под ризик се става здравјето на луѓето. Дали откако работниците ќе завршеле со дробењето на отпадот во погрешната машина го префрлале во камион и го оставале да се исцеди за потоа да го пренесат на депонија?

Познавачите, за ваквиот недотретиран отпад, упатуваат на две опции што можело да се прави потоа. Едната верзија е дека таквиот отпад, претставен како комунален се депонирал во Дрисла, а другата дека се носел на непозната локација. Ако во игра била првата верзија, тогаш надлежните може да проверат каков отпад бил носен во Дрисла од „Еко клуб“, дали бил пријавуван комунален, за каков се смета медицинскиот, но откако ќе помине низ соодветен третман или, пак, пријавувал медицински. Информации говорат дека има разлика од неколку илјади евра кога се депонира камион со медицински од оној со комунален отпад.

Тука се отвора и прашањето за нелегална заработка, дали некој профитирал врз здравјето на луѓето и на животните? – Важно е дека институциите имаат алармантен случај кој не смее да остане само на фотогалерија и пријава, туку да заврши со одговорни, а да се преземат и мерки во иднина никогаш да не се повтори од ниту една фирма која работи со управување на отпад. Со оглед дека информациите ги добивме утринава, а случајот наложува итна реакција, се обидовме да контактираме со засегнатите страни. Во Јавното обвинителство испративме допис по електронска пошта и брзо добивме одговор:

„Во врска со предметот за кој покажувате интерес, во Основното јавно обвинителство Скопје, на 13 декември физичко лице поднесе кривична пријава за настан кој се случил на 10 декември кога лицето забележало непрописно уништување медицински отпад од страна на наведената фирма. Со оглед на тоа што пријавата не беше поткрепена со други материјални докази, надлежниот јавен обвинител веднаш истиот ден по приемот на кривичната пријава издаде наредба до СВР Скопје за да се направат неопходни проверки со кои ќе се обезбедат докази за утврдување на фактите и за проверка на наводите во пријавата. По приемот на известувањето, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошно постапување во предметот. Со оглед на тоа што предметот се наоѓа во предистражна постапка, Основното Јавно Обвинителство Скопје и надлежниот јавен обвинител во моментов не се во можност да споделат повеќе детали“, гласи одговорот од ОЈО.

Во Град Скопје, исто така, ни го потврдија случајот, но изјавија дека целосни информации со фото и видео документација ќе објават деновиве. Наводно материјалите биле многу вознемирувачки. На крајот, посочениот Сашо Јанакиевски го добивме телефонски, знаеше за случајот, но смета дека е конструкција.

„Градскиот инспектор практично провалил во нашата фирма и немал дозвола да врши увид во нашата работа и за тоа треба да одговара. За случајот знае и МВР кои сега го водат. За предметот во Јавно обвинителство не сум известен, никој од таму ме нема повикано. Она што го знам е дека ова е конструкција за повисоки цели, особено ако се знае дека Градот го презеде владението со депонијата Дрисла. Јас со години работам на медицински отпад и можеби сме најдобрите во тоа. Оставам институциите да го решат ова. Ќе нагласам дека неколу дена по упадот на градскиот инспектор, нè посетија инспектори од Министерството за животна средина кои направија записник дека се е во ред во „Еко клуб“, пренесе Јанакиевски.

Тој остави простор и за понатамошна комуникација според тоа како ќе се развива случајот. Утре ќе побараме и информации од Инспекторатот за животна средина за да прашаме кој го изготвил записникот кај нив и како тоа утврдиле дека е се во ред, кога два дена претходно, други утврдиле дека од „Еко клуб“ се шири зараза. Неодамна, новинарите од ИРЛ открија поврзаност на Јанакиевски со власта на ВМРО ДПМНЕ, особено со Груевски и неговиот заштитник, Виктор Орбан. Во истражувањето се наведува: „ Еко Клуб“ добро се снајде при локални јавни набавки. Во текот на изминатите десет години, има освоено околу 300 тендери во Северна Македонија, во периодот кога премиер на земјата беше Никола Груевски, сојузник на Виктор Орбан, кој подоцна доби статус на азилант во Унгарија.

Според веб-страницата на „Еко Клуб“, компанијата работи од 1990 година, нудејќи разни комунални услуги, вклучувајќи собирање отпад, чистење канализација, управување со болнички отпадоци, чистење мобилни тоалети и одржување на јавно осветлување. Најголем сопственик на компанијата е Сашо Јанакиевски, кој е почесен конзул на Унгарија акредитиран во Битола од 2012 година. Подоцна, тој стана и директор на унгарската трговска куќа во Скопје.

И проверките што ги направи Нова ТВ потврдуваат дека Јанакиевски има тендери кои вредат над 10 милиони евра. И на крајот останува дилемата, ако обвинителството знае за случајот 45 дена, како до сега не е алармирана јавноста со оглед на можните зарази кои може да се пренесат врз населението.

„Еко Клуб“ машини медицински отпад уништување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.