Парламентарни и претседателски избори во Бугарија, рекорден број кандидати за претседател и потпретседател на државата

По се изгледа дека претседателот на Бугарија нема да биде избран во првиот круг, туку тоа ќе се случи на 21 ноември кога треба да се одржи вториот...

Аларм: Кучиња скитници се хранат со медицински отпад, крвта истекува во Вардар

Извори од обвинителството за Нова ТВ пренесуваат дека, под изговор оти работат во трета смена, малкутемина работници во погоните на „Еко Клуб“ го обработувале медицински отпад на несоодветна машина, односно опрема која се користи за поинаков вид отпад, но не и за медицински. Ако се користи за медицински, како во случајот, тогаш отпадот не се обработува (уништува) целосно, туку му се прави примарно дробење, но со оглед дека таа опрема не постигнува висока температура потребна за усмртување на бактериите, особено од крвавите делови на отпадот, заразите, опасни по здравјето на луѓето, не се уништуваат целосно