Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алармантна состојбата со увоз на струја

0
By Нова ТВ on September 26, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Увозот на струја се зголемува. Увозот на електрична енергија само во јуни годинава чини 5,7 милиони евра. Доколку се анализира периодот од јануари до јули во 2013 година, според податоците, дури 73 милиони евра Македонија искеширала за увоз за струја во првите седум месеци од годинава, се вели во анализата на Фактор .

Домашното производство на струја е намалено и се надоместува со скап увоз од месец во месец кој не ги задоволува потребите. Колкава количина на струја е купена за овие речиси 73 милиони евра само за седум месеци статистиката не обелоденува. Оттука, нема прецизни податоци колку киловат часови струја се купени секој месец одделно, а со тоа нејасно е и по која цена е купена оваа увезена струја.

Статистиката единствено го обелоденува потеклото на оваа увезена струја. Во првите седум месеци за потребите на индустријата и домаќинствата најголем дел од увезената струја доаѓа од Швајцарија, дури 30 милиони евра. Околу 30 милиони евра пак, чини увезената струја од Србија, 9 милиони од Бугарија и речиси 280.000 евра од Грција. Оваа струја во Македонија влегла преку трговците со струја.

Состојбата со дефицитарното домашно производство на струја е далеку поалармантна ако се земат предвид статистичките податоци кои покажуваат дека во изминатите пет години рекорден е увозот на струја во 2008 година, дури 235 милиони евра за набавка на 2.7 гигават-часови струја. Во 2009 година ЕЛЕМ и големите индустриски капацитети, кои сами купуваат струја на слободниот пазар, платија речиси 90 милиони евра и 86 милиони во 2010 година. Во 2011 година пак, увозот на струја во Македонија достигна дури 165,3 милиони евра за околу 2.600 гигават-часови. Државната статистика покажува и дека лани годишниот увоз на струја е 197 милиони евра. Само за седум месеци пак, во 2013 година, увозот на струја достигна речиси 73 милиони евра.

Владата не изгради сериозен капацитет со кој ќе се ублажи увозната зависност. Со растечката потрошувачка на струја Македонија од година во година ги полни џебовите на увозниците на струја од странство, притоа без можност да се пофали дека изградила неколку од круцијалните децениски најавувани енергетски проекти.

Несфатливо е како Владата планира да остварува раст на силни економски резултати, кога енергијата клучна за производството ја нема или е прескапа. За следната година, проектираниот економски раст е од само 3,2%.

Во изминатите неколку години компаниите беа приморани да го намалат производството, да прават ремонти само за да ја намалат потрошувачката на струја. Државата во изминатите 10 години не изгради клучен енергетски капацитет кој ќе произведува струја. Наместо одлив на речиси милијарда евра за увоз на струја, досегашните премиери требаше да го зголемат домашното производство преку нови инфраструктурни капацитети.

Во отсуство на јавно образложение, дел од енергетичарите консултирани од страна на Фактор , неофицијално велат дека овие податоци за растот на увозот на струјата се загрижувачки.

Енергетичарите алармираат дека дводецениската летаргија на недејствување во енергетиката трае предолго и дека Владата и ЕЛЕМ итно мора да ја подобрат енергетската слика на Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.