Албанците во Струга незаинтересирани за претседателските избори. Излезеноста во некои од средините со доманинатно албанско население во струшко во некои населени места до 17 часот е до 10 %. Вкупната излезеноста во Струга исто така е многу слаба.
За претседателските избори во струшко до 17 часот излезеноста е само 29, 13%, додека за парламентарните избори 38,49%.
Политички партии обвинуваат дека активисти на други партии речиси на секое избирачко место во Струга и населените места со списоци во рака исто како што беше и во првиот изборен круг забележувале кој оди на гласање, само што сега многу поорганизирано од порано.
Од ОИК во Струга информираат дека пак гласањето на територијата на целата општина се одвива без проблеми.