Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанска агенција за информатичко општество: Земјата е под масовни кибер напади, но податоците се безбедни

0
By Marija Todorovska on December 27, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанската агенција за информатичко општество преку соопштение ја информираше јавноста дека „земјата е под масовни кибер напади, но дека податоците се безбедни“.

Освен мобилната компанија „One Albania“, воздухопловната „Ер Албанија“, албанскиот Парламент, Управата за јавни приходи, Албанската државна висока контрола, агенцијата потврдува дека и таа „станала жртва на кибер напади“.

Од Агенцијата додаваат дека состојбата е нормализирана по околу еден час и владините веб-страници повторно се во целосна функција, дека нападите не се поврзани со безбедноста на системите и податоците во нив, туку само со блокирањето на јавните веб-страници.

„Ја информираме јавноста дека моментално сме под масовни, дистрибуирани напади од форматот „Дистрибуирано одбивање на услуга“ (DDoS), блокирајќи ја мрежата со нелегитимни обиди за пристап до јавни локации. Ситуацијата се нормализира по околу 60 минути и владините сајтови повторно се во целосна функција. Нагласуваме дека ваквите напади немаат врска со безбедноста на системите и податоците во нив, туку само со блокирање на јавни веб-страници“, се наведува во соопштението.

Долго време Албанија е под максимално внимание на напаѓачите и кибер-криминалците.

„Кибер безбедноста е еден од најголемите предизвици во дигиталната ера. Навременото идентификување на заканите, брза реакција и зајакнување на безбедноста е сложен процес што бара соодветно внимание и преземање мерки приспособени на времето и начинот на нападите, од случај до случај“, наведуваат од Националната агенција за информатичко општество.

За нападите одговорноста на каналот „Телеграм“ ја презеде иранската група „Татковинска правда“.

Но, еден од најпознатите албански експерти од областа на криминалистиката, Ервин Карамучо, се сомнева дека овие напади не можеле да бидат извршени од Иранци, туку од ИТ групи, кои се контролираат од криминални групи и оти сега на пазарот база на податоци се продава по 300 илјади евра и дека податоците може да се купат и со Биткоин.

агенција за информатичко општество кибер напади криминални групи податоци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.