НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албански медиуми: Според Курти, растот и заедничкиот пазар на Берлинскиот процес го забрзуваат членството на регионот во ЕУ; ЦИК гласаа за доделување 360 илјади евра за Српска листа; Албконтрол во загуба од 60 милиони евра

0
By Marija Todorovska on January 22, 2024 ВЕСТИ, РЕГИОН
Албански медиуми
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од кабинетот  на косовскиот премиер Албин Курти, по синоќешната вечера во организација на македонскиот премиер Димитар Ковачевски во рамки на Самитот на лидери на Западен Балкан, објавија соопштение за неговата изјава во однос на Планот за раст и заеднички пазар на Берлинскиот процес.

Централната изборна комисија на Косово,  на седницата одржана на 12 јануари донесе одлука за доделување средства за поддршка на политичките субјекти за оваа година.

Висината на средствата за финансирање на политичките субјекти и за поддршка на работата на секој пратеник од овој фонд е во вкупна вредност од 4 милиони и 800 илјади евра, од кои 360 илјади евра се одвоени на Српската листа.

Ова се дел темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ- Прес.

КОСОВО

Коха нет- Курти од Скопје: Планот за раст и заедничкиот пазар на Берлинскиот процес го забрзуваат членството на регионот во ЕУ

Кабинетот на косовскиот премиер Албин Курти,  денеска испрати соопштение за синоќешната вечера во Скопје на која шефот на Владата учествуваше заедно со лидери од регионот и претставници од САД и ЕУ.

Претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти, синоќа учествуваше на лидерската вечера што ја приреди премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

„Премиерот за време на вечерата истакна дека Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар на Берлинскиот процес треба да го забрзаат членството на Западен Балкан во Европската унија и дека фондовите на ЕУ треба да се поврзат со вредностите на ЕУ“, се наведува во соопштението, пренесе Коха нет.

Епока е Ре: Српскиот адвокат повторно е малтретиран, сега на белградскиот аеродром

Српскиот адвокат Чедомир Стојковиќ вели дека повторно бил запрен на белградскиот аеродром.

Објавата ја направи пред еден час, велејќи дека по откажувањето на летот вчера, денеска повторно бил запрен од српската полиција.

„Кога влегов на аеродромот за летот за да го надоместам откажаниот лет од вчера – повторно ме запреа. Граничните полицајци кои се таму од синоќа и кои ги поминаа сите претходни постојки со мене – ги гледаат јасните злоупотреби на Безбедносно информативната агенција, но ништо не можат. Системско малтретирање од фашистичка власт“, ​​напиша Стојковиќ на мрежата Икс, пренесе Епока е Ре.

Зери: Поранешната министерка за надворешни работи го објави моментот кога членовите на ЦИК гласаа за доделување 360 илјади евра за Српската листа

Централната изборна комисија на седницата одржана на 12 јануари донесе одлука за доделување средства за поддршка на политичките субјекти за оваа година.

Висината на средствата за финансирање на политичките субјекти и за поддршка на работата на секој пратеник од овој фонд е во вкупна вредност од 4 милиони и 800 илјади евра.

Од оваа сума 360 илјади евра се одвоени на Српската листа.

На ваквата одлука постојано се противи поранешната министерка за надворешни работи Мелиза Харадинај-Стубла.

Харадинај-Стубла оваа одлука ја оцени како скандалозна, додавајќи дека Српска листа, која го планирала нападот во Бањска, треба да биде прогласена за неуставна и терористичка организација, пренесува Зери.

АЛБАНИЈА

Епока е Ре: Баша предлага Албанија да додели 50 милиони евра на Косово за воена опрема

Првиот човек на Демократската партија, Љуљзим Баша, на прес-конференција изјави дека во понеделник ќе поднесат амандман на буџетот до Собранието, каде што ќе побараат пренамена на 50 милиони евра воена помош за Косово.

„ПД во понеделник до Собранието ќе достави амандман на буџетот што беше донесен за 7 минути, каде што ќе побара прераспределба на 5 милијарди нова воена помош за Косово“, рече Баша, пренесе Епока е Ре.

Панорама: Албконтрол за две години не инкасирал околу 60 милиони евра поради блокирањето на сметките од страна на Бекет

„Албконтрол“, државната компанија која управува со авиосообраќај, има неплатени околу 6,7 милијарди леки (65 милиони евра) за периодот 2021-2022 година, кои требало да ги добие од својата нормална активност, полетувања и слетувања, пренесе Панорама.

КОЛУМНА

Евхаристија, визуелизација и протест

Религијата и политиката се предизвикувачка комбинација. Кога станува збор за тоа, често се работи за конкретни ситуации. Неколку примери од христијанскиот спектар го покажуваат тоа.

Црквите сè уште одржуваат богослужби и покрај КОВИД, природно покренуваат прашања – и многу гнев, исто така доведе до прашања – и голема поддршка од аголот што сега е огорчен. Во секој случај, прославите во црквите се израз на желбата за друг свет, особено денес, пишува авторот Али Хертица во колумната „Евхаристија, визуелизација и протест“, објавена во Бота Сот.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа 

Албански медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.