Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Александар Николоски одамна е демантиран со одлука на Антикорупциска, ќе одговара ли за клевета?

0
By Marija Todorovska on April 22, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната Комисија за спречување корупција уште во 2021 го затворила предметот за наводната хациенда за која денес Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ го обвини Венко Филипче. Николоски на прес конференција го запраша Филипче од каде му се парите за луксузна хациенда и го обвини за низа друг работи посочувајќи дека Филипче противправно дошол до пари.

Но оваа афера кратко издржа во јавноста, бидејќи брзо по изјавата на Николоски во јавноста излезе документот со кој ДКСК уште пред три години потврдува дека за овој случај нема никаков конфликт на интереси и Венко Филипче нема направено никакво прекршување.

„Не гледам дека постои некаков судир на интереси како што беше наведено во пријавата. Станува збор за приватни лица, а не за службени лица во време кога се купувало земјиштето. Сè е уредно пријавено во анкетните листови и предлагам целата постапка за запре и предметот да се затвори“, рече Ивановска, тогашната претседателка на ДКСК, која инаку важеше за жестока критичарка на функционерите од Владата на СДСМ.

Сега останува отворено прашањето дали ќе одговара Николоски за овие клевети и за предмет кој повеќе од очигледно одамна не е тема. Венко Филипче веднаш по изјавата на Николоски жестоко реагираше на Фејсбук посочувајќи дека ќе поднесе тужба за клевета а и самиот кажа дека веќе ДКСК има донесено одлука за овој предмет кој ВМРО-ДПМНЕ уште одамна се обидува да го претстави како некаква афера.

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признам дека не очекував Николоски да прерасне во кафански озборувач“ – напиша Филипче споделувајќи линк од изјавата на Николоски во која вели дека Пендаровски за Филипче тајно кажувал дека е корисник на опојни дроги.

„Што се однесува до сите лаги пласирани за наводна моја хациенда на Водно за која ДКСК има одамна одлука дека не ја поседувам, ќе добие соодветна тужба. Тужба ќе добие и за другите клевети кои ги изрече.“ – завршува Филипче.

Венко Филипче Николовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.