Алијанса за Албанците и Беса поднеле 86 приговори до Државната изборна комисија, за изборниот процес во општина Чаир.
-Насекаде се виде дека не сме имале избори, туку само крадење! Поради огромниот број на неважечки гласачки ливчиња, имаме сериозни сомневања дека манипулацијата е направена токму со овие гласачки ливчиња. Затоа, поголемиот број на приговори се поврзани со ова – рече Емат Мехмети на вечерашната прес конференција.
Алијансата и Беса ја повикуваат ДИК да ги преиспита приговорите и да одлучи праведно.
– Исто така ја повикуваме и меѓународната заедница да ги послуша овие жалби, бидејќи ние нема да дозволиме нашето право да биде повредено. Ние не би сакале нашето право да го бараме на улица – додаде Мехмети.
Тој испрати и порака до нивните активисти да бидат мирни, бидејќи тие ги следат сите процедури и ќе ги употребат сите начини за исполнување на правдата.
https://www.youtube.com/watch?v=D0DzF2atoNk