Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алити: Објектот не е дивоградба, ги имаме сите одобренија

0
By Нова ТВ on September 2, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сопственикот на објектот што денеска се урива кај ТЦ Мавровка во изјава за медиумите тврди дека за објектот не е дивоградба и оти има елаборат и платени такси и комуналии над 4,7 милиони денари.

– Ништо од тоа што е пренесено од страна на медиумите не е точно. Јас сум сопственик на објектот што беше изгорен од пожарот и на легална градба запишана во Катастарот.  Не се точни информациите дека не сум бил достапен за полицијата. Можете слободно да ги прашате дека првиот ден кога дојдоа, јас бев тука и  им ги дадов документите за објектот.

На еден од порталите прочитав дека сум го исекол дрвото. Не сум го сторил тоа, имам видео запис  во кој се гледа како го сечат дрвото. Лани најдов проектил од рачен фрлач во објектот. Оваа година ми го запалија. Педесет дена не знам кои се причините. Истрагите завршуваат со непознати причини или непознат сторител. Човекот што го сака мојот објект нека се јави  да му го подарам, да не се мачиме вака, изјави сопственикот Мевлудин Алити.

За објектот што денеска се урива изминатиот период имаше дебати и полициска истрага. Откако општинските власти утврдија дека се работи за дивоградба, беше распишан тендер кој да го урива објектот, но никој не се јави. Со одлука на Владата денеска почна уривањето на објектот кое го врши ЈП за Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта под полициско присуство.

Алити вели дека ги избегнувал медиумите во изминатиот период бидејќи сметал дека неговиот приватен бизнис не е предмет на јавен интерес.

Неговиот адвокат вели дека нема кривично дело во случајот бидејќи се работи за објект којшто е легален.

– Согласно законот, објектот што целосно е уништен, сопственикот има право да го врати во поранешната состојба, да го обнови со проект за обнова кој е доставен до општина Чаир  и за кој немаме никаков одговор кое е нивното мислење. На 1.05.2020 година објектот што е во приватна сопственост на Мевлудин Алити беше изгорен целосно од непознати причини и ден денес очекуваме одговор и од полицијата и од Обвинителството кои се причините за пожарот.

Од страна на сопстеникот на објектот беше побарано од Општина Чаир  дозвола да се исчисти објектот, односно отпадот и шутот. За тоа има одобрение од страна на Општина Чаир. Во меѓувреме е започната и подготовка на проектот за обнова којшто откако е завршен, е доставен до Општина Чаир, појаснува адвокатот на Алити.

Според него, решението што е донесено од општината дека објектот не соодвествува со фактичката состојба и немал сопственост, не е вистина.

– Имаме доказ, имотен лист кој може да се извади од Катастар каде е запишано правото на сопственост и тоа во неколку имотни листови. Има 333 метри квадратни од тоа 86 метри квадратни друг имотен лист, истакна адвокатот на Алити, додавајќи дека и не е потребно одобрение за градба во случај на обнова на објектот.

Според адвокатот на Алити, проектот за обнова чини 9,5 илјади евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
ФОКУС

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

ВЕСТИ October 9, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, што се одржува во Скопјe од 8 до…

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

October 8, 2025

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.