Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Алкалоид“ и фондацијата „Трајче Мукаетов“ со донација од 170.000 евра за болницата во Кавадарци

0
By Нова ТВ on September 2, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во текот на 2019 и 2020 година „Алкалоид АД Скопје“ реализираше донација во „Општа болница со проширена дејност Кавадарци“ во вкупен износ околу 10.500.000 денари (170.000 евра) комплетно опремувајќи го „Интерниот оддел за женски болести“ на оваа јавна здравствена установа.

Просторот од над 350м2, кој скоро три децении стоел незавршен, денес официјално и свечено беше предаден во употреба со строго почитување на сите здравствени протоколи и заштини мерки од страна на Министерот за здравство, Проф. д-р Венко Филипче, Генералниот директор и Претседател на Управен одбор на „Алкалоид“, г. Живко Мукаетов и директорот на болницата, д-р Диме Коцев.

Новото одделение е конципирано и изведено во согласност со сите современи стандарди и прописи за здравствени објекти и се состои од дел за престој на пациентите (болнички соби со тоалети), дел за интензивна нега и дел за медицински персонал, а сиот простор, освен нови инсталации, доби и соодветна болничка опрема (најсовремени болнички кревети, болничка мебел опрема, телевизори во сите болнички соби и инсталација за интернет конекција на целото одделение).

Директорот на ЈЗУ „Општа болница со проширена дејност Кавадарци“, д-р Диме Коцев ја изрази својата благодарност за донацијата, а зборувајќи во свое лично име и во име на сите Кавадарчани, истакна:

„Во Одделот, кој е изграден од најсовремени градежни материјали и опремен со модерен медицински и технички ентериер, ќе овозможиме прекрасен амбиент за сместување на нашите пациенти и нивно поквалитетно болничко лекување“, изјави д-р. Коцев.

Генералниот директор на „Алкалоид“, г. Живко Мукаетов изјави дека оваа донација компанијата ја спроведе под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“, формирана во чест на основоположникот на модерниот „Алкалоид“ кој својот животен пат го започна токму од Кавадарци.

„Иако денешниот повод за посета е пуштање во работа на само еден оддел од оваа болница, која претставува исклучителен пример за функционирање на јавното здравство, ние како компанија ќе ја продолжиме нашата поддршка тука во Кавадарци“ – рече Мукаетов.

Домаќините ја имаа честа на денешното официјално примопревање на опремениот „Оддел за женски болести“ во Кавадарци да присуствува и Министерот за здравство, Проф. д-р Венко Филипче кој изјави: „

„Новиот оддел за интерна медицина е еден модерен оддел по сите европски стандарди и во него пријатно се чувствуваат и пациентите и медицинскиот персонал. Ова не е прва и единствена помош од компанијата ‘Алкалоид’. ‘Алкалоид’ е компанија која прва помогна на Министерството за здравство за време на Ковид кризата; компанија која со години наназад стипендира студенти од областа на медицинските науки, а со ова, уште еднаш докажуваат што значи да се биде општествено одговорна и компанија која внимава на своите семејни традиционални вредности“,рече министерот Филипче.

Како при неодамнешната посета на „Општата болница Кавадарци“, така и денес, Министерот за здравство, Проф. д-р Венко Филипче истакна дека оваа установа е пример за одговорно работење, како главни придобивки наведувајќи ги постојаното осовременување на капацитетите, подобрената инфраструктура, зголемениот број на лекари специјалисти, како и комплетно опремениот оддел за третман на пациенти заболени од ковид-19, доколку се јави потреба.

Оваа болница, која со години наназад е позната по своите квалитетни здравствени услуги, опслужува близу 100.000 граѓани од повардарискиот регион (Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија) и има висок степен на експертиза во повеќе специјалистички области.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
ФОКУС

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

ВЕСТИ October 9, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, што се одржува во Скопјe од 8 до…

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

October 8, 2025

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.