Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алкалоид со раст на приходите и 55 нови вработувања

0
By Нова ТВ on April 25, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Алкалоид АД Скопје за периодот Јануари – Март 2019 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните единечен и консолидиран Биланс на успех.

Според образложението за остварени резултати објавени на Македонска берза, вкупните приходи остварени во периодот Јануари – Март 2019 година изнесуваат 2.138.908 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 13%.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2018 година бележат пораст од 14%.

Според извештајот остварените единечни вкупни расходиза првите три месеци годинава изнесуваат 1.873.090 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 13%.

Остварените консолидирани вкупни расходи кои од јануари до март изнесуваат 2.561.643 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 14%.

На 8 април 2019 година на Годишното собрание на акционерите е одобрена пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2018 година во износ од 458.033 илјади денари односно 320 денари бруто за една акција. Нето дивиденда за 2018 година изнесува 272 денари за една акција.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот Јануари – Март 2019 година изнесуваат 193.866 илјади денари. Вкупните консолидирани обврски по кредити на 31.03.2019 година изнесуваат 584.103 илјади денари.

Во периодот Јануари – Март 2019 година во Алкалоид се реализирани 55 нови вработувања во Република Северна Македонија.

Со Одлука на Управен одбор на Алкалоид АД Скопје, во март 2019 година, одобрен е и исплатен, регрес за користење на годишен одмор на вработените во компанијата, во висина од 27.709 денари бруто, односно 24.938 денари нето.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.