Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алсат- М: Љубчо Георгиевски ќе гради хотел во барок под Кале

0
By Нова ТВ on October 4, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Актуелниот претседател на ВМРО-Народна Партија Љубчо Георгиевски е инвеститор на планираниот нов хотел во барок под Кале- со ваква информација излезе телевизијата Алсат-М, обелоденувајќи детали за фирмата ХМ Инвест Груп која победи на аукцијата за добивање на парцелата под Кале. Оваа фирма понуди по 44 евра за еден метар квадратен.

Според документите од Централниот регистар, фирмата купувач ГМ Инвест Груп од Струмица е во целосна сопственост на друга струмичка компанија- АМГ ЕДИЛХА.

ЕДИЛХА пак, според тековната состојба, е компанија основана и во сопственост на физичко лице од с. Секирник, Босилово, но има и содружник- фирмата ВИП Проект од Скопје, пишува телевизијата.

Компанијата од главниот град, патем поседува две третини од вкупниот влог во ЕДИЛХА, а и на нејзината интернет страна се вели дека струмичката е нивна фирма-ќерка.

Сопственик на ВИП Проект пак, е физичкото лице Љубчо Георгиевски, чиј матичен број кореспондира со денот, месецот, годината и местото на раѓање на поранешниот премиер, пишува Алсат.

АЛСАТ М уште завчера побарала изјава од фирмата која победи на јавното наддавање, а вчера побарале изјава и од Љубчо Георгиевски за планираната инвестиција, но се уште Георгиевски не се појавува во јавноста.

Георгиевски е поранешен премиер, од 1998 – 2002та година, по што се повлече од лидерската позиција, а партијата му ја препушти на Груевски. Во целиот изминат период тој силно ги критикуваше политиките на ВМРО-ДПМНЕ и во политиката и во економијата, тврдејќи дека Македонија ќе остане изолирана на балканот. Георгиевски извесно време беше и во коалиција со својот некогашен лут конкурент Бранко Црвенковски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.