Алжирскиот претседател Абделазиз Ботефлика, верeн на борбата за независност, кој е на власт 15 години, повторно победи на изборите. Изборите противниците ги нарекоа измама заради неговото останување на чело на државата. Тој на гласање се појави во јавноста во инвалидска количка. Минатата година Ботефлика доживеа мозочен удар, по што се поставуваше прашањето дали воопшто може да управува со оваа северноафричка држава, богата со нафта.
Првите резултати од гласањето покажува дека тој добил 81, 53 проценти од гласовите, беше соопштено на прес конференција.
Одзивот на гласачите е 51,7 проценти.
Очекувањата беа дека 77-годишниот претседател повторно ќе победи на изборите бидејќи има подршка од Фронтот на национално ослободување(ФНЛ). Западот стои зад Ботефлика во борбата против исламските герилци бидејќи сакаат да бидат сигурни дека алжирскиот плин ќе доаѓа во Европа, особено во моментот кога украинската криза ја загрозува испораката на руски плин.