Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аматери жедни за моќ или фати ги ако можеш „талентираните“ господа Рипли

0
By Ана Василевска on January 5, 2024 КОЛУМНА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Ана Василевска
Ана Василевска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА

Според таа истата логика партиски војници од сите политички ориентации негуваат чиста амбиција – да се позиционираат некаде во државна фирма. Ова стадо на “бели“ овци притоа воопшто нема капацитет да ја погледне личната квалификација или способност за извршување на функцијата.

И да има пилот во авионот, џабе ако екипажот е симулација. Последните случувања со М-НАВ колку и да ни изгледаат страшни и во прилог на уште еден пример на распаднатиот систем, всушност се зрак надеж дека нештата почнуваат да се менуваат. Уште еден таков светол пример е правдата истерана од Весна Дамева и нејзиното враќање на функцијата претседателка на Судскиот совет. Реакции и од професорите на УКИМ за ректорката Биљана Ангелова и нејзиното како што велат несовесно раководење со најстариот државен универзитет. Се кренаа на нозе, инженерите, професорите, праведољубивите судии. Сите со иста намера: не дозволуваат непрофесионалци и компромитирани во своите редови за сметка на деградирање на професионалците.

Пандорината кутија сега не смее да се затвори, а таа насобра многу преку ситото на ерозивниот систем. Оваа речиси 30 годишна пракса на „,местенки“ и партиски вработувања, која особено безмилосно ја негуваше режимот на бегалецот мора да престане. Тој мајндсет дека е бенигно да поставуваш наставен кадар во училишатата кој е некомпетентен и само по заслуга дека е верен гласач и поранешен лепач на плакати мора да се смени.

Според таа истата логика партиски војници од сите политички ориентации негуваат чиста амбиција – да се позиционираат некаде во државна фирма. Ова стадо на “бели“ овци притоа воопшто нема капацитет да ја погледне личната квалификација или способност за извршување на функцијата.

Па така, добиваме документи од администрација со погрешни податоци, комуницираме  со полуписмени наставници, не лекуваат со погрешни антибиотици, не судат корумпирани судии без положен правосуден испит, не возат во дефектни автобуси, детективи раководат со културни институции, театри се користат за собири на навивачки групи, медиуми стануваат збирштина на земјоделци….

Предолг е списокот на навидум мали малформации предизвикани од партиски позиционирани некомпетентните кадри. Но, колку што вината ја носат оние кои ветуваат вработувања, толку е поголема вината на самите тие кои без трошка совест се согласуваат да работат нешто за кое не се кадарни. Во филмот „Фати ме ако можеш“  ( Стивен Спилберг 2002) Френк Абегнејл е тинејџер чиј татко има проблеми со даночните органи, така што мора да се преселат од пространата куќа во мал стан. Гледајќи ги финансиските проблеми на својот татко, Френк се впушта во серија измами, мислејќи дека така ќе собере доволно пари за да го спаси семејството кое се распаѓа пред неговите очи . Затоа, тој се преправа дека е пилот и започнува да фалсификува чекови  а кога полицијата му влегува во трагата, тој се преправа во лекар, а потоа и во адвокат.  Да, тој успева да ги измами сите во улога на различни професии без око да му трепне. Слично на ова во „Талентираниот господин Рипли“  на Ентони Менгела од 1999 година, главниот карактер ( игра Мет Дејмон) е чистач чија лична фрустрација ќе го натера на измами да влезе во друг идентитет.

Нам одамна реалноста ни е почудна од фикцијата, и навидум невозможните сценарија во општествените „игри“ добиваат црн епилог. Нема повеќе играчка со животот на граѓаните а насилниците во случајот М-НАВ треба да бидат изведени пред лицето на правдата. Во сите сегменти на општеството има професионалци кои мораат гласно да говорат и да ги посочат сите оние кои им ја валкаат професијата, особено таму каде што е загрозен животот на граѓаните.

Кој и да е „пилот“ на државата не може да ги фати сите „талентирани господа Рипли“ . Сите сме одговорни и во едно демократско општество имаме алатки да ги менуваме нештата. Нека почнеме со приземјување и контрола на летањето во облаци , тоа дека секој може да биде се и сешто бидејќи  партиските амблеми не се и факултетски дипломи.

Текстот е личен став на Авторот. 

 

 

Весна Дамева М-НАВ партиски вработувања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.