Амбасадите на странските земји во Багдад почнаа со евакуација на својот персонал, и покрај уверувањето на ирачките власти дека „презеле иницијатива“ во борба против припадниците на екстремистичките сунитски групи која од минатата недела контролира неколку ирачки подрачја.
За сега е потврдено дека ќе биде евакуиран персоналот од амбасадите на САД и Австралија. Тие ќе бидат префрлени во конзулатите во ирачките подрачја на Ербил и Башор, а некои и во Јордан.