Рано наутро во 5 часот во земјава стигнуваат 200 000 вакцини „Синофарм“, за што Министерството за здравство најавува настан во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.
На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.
Од Министерството посочуваат дека вакцините се купени во директни преговори со производителот.
По Велигден, започнува вакцинацијата со „Синофарм“, секој понеделник во мај ќе доаѓаат вакцини од „Фајзер“, најави Филипче.
Светската здравствена организација најави дека планира наскоро да донесе одлука за итно одобрување на кинески вакцини против ковид-19 на „Синофарм“ и „Синовак“. Списокот на вакцини одобрени од СЗО се смета за потврда за нивната ефикасност и безбедност.