Се бега со коли, со различни превозни средства. Во моментов авионските линии не функционираат, така да само преку копнени транспортни превозни средства се евакуираат граѓаните – рече македонскиот амбасадор во Киев, Крум Ефремов.
Нема излез од Киев засега. Стотина македонски државјани таму се уште се заглавени, изјави за телевизија Телма македонскиот амбасадор во Киев, Крум Ефремов.
Тој вели дека чека инструкции, а нагласил и дека во моментов интернет врските се во прекин, а одвреме-навреме колабираат и телефонските врски.
– Сега е мирно, нема никакви дејствија, меѓутоа, има паника и практично, евакуација на граѓани од Киев. Се бега со коли, со различни превозни средства. Во моментов авионските линии не функционираат, така да само преку копнени транспортни превозни средства се евакуираат граѓаните – рече македонскиот амбасадор во Киев, Крум Ефремов.