Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амбулантата во Ѓорче Петров ќе се гради со Јавно приватно партнерство

0
By Менче Атанасова Точи on October 28, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Амбулантата во Ѓорче Петров ќе оди под јавно приватно партнерство.  Советот на Општина Ѓорче Петров на последната седница ја изгласал одлуката – руинираните и распаднати бараки на амбулантата да се дадат на приватен партнер, кој ќе изгради повеќенаменски комплекс во кој покрај амбуланта ќе има и градинка, можност за изградба на геријатрија, како и мал трговски центар.

Во Општината велат дека одлуката за ваков проект  ја донеле поради потребата на граѓаните за подигање на стандардот на здравствените, социјалните и административните услуги, а со оглед на тоа што Општина Горче Петров не располага со буџетски средства и капацитет да ја гарантира изградбата се одлучиле на договор за Јавно приватно партнерство(ЈПП).

Градоначалникот Александар Наумовски за НОВА вели дека дополнително со тендерската документација ќе се утврди на колку години ќе биде склучен договорот за ЈПП.

„Предвидено е амбулантата да се простира на 400 метри квадратни. Со ЈПП ќе се подобрат условите за работа на матичните лекари, а ќе се обезбедат и современи услови во делот на детската заштита, а во детската градинка ќе има можност за престој на 120 деца“, изјави за НОВА, Александар Наумовски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров.

Амбулантата е стара 55 години, а во последните 40 години не е воопшто реновирана. Условите во бараките  наликуваат како од сцени на хорор филм, зидовите се распаѓаат, инсталацијата е дотраена, тоалетите се во ужасна состојба, во услови опасни по здравјето на луѓето. Амбулантатите во кои ординираат лекари концесионери опслужуваат околу 10 000 луѓе од населбата Ѓорче Петров.

За исклучително катастрофалните услови за работа на персоналот и за пациентите постојано се пишува во медиумите, но досега не беше превземено ништо од страна на Здравствениот дом, Министерството за здравство или од претходното раководство од Општината. Минатата година министерот Филипче најави дека дека до септември истата година проблемот ќе биде решен.

Во август годинава двете Министерства, за здравство и труд и социјала потпишаа Меморандум за соработка кој вклучува изградба на нова амбуланта, детска градинка и паркинг со деловен простор.

Постапката за договор за ЈПП е претходно изработена физибилити студија прифатена од Општина Ѓорче Петров и од Советот на Општината на 33 седница одржана на 24. 10 2019 година.  Проектот ќе чини 4,587,504.00 евра.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.