Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Америка на заоѓање!

0
By Zoran Ivanov on February 22, 2025 ИЗБОР
Бранко Тричковски
Бранко Тричковски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако Америка сака повторно да биде голема, мора да биде социјално поурамнотежена, тоа е прво и основно, културно јака, морално рехабилитирана, економски супериорна и воено силна толку колку што тоа го бара прашањето за нејзината безбедност и нејзините обврски за тие проблеми кон светот. Без Европа таа никогаш не може да биде ништо.

 Бранко Тричковски

Поделбата на Украина меѓу Русија и Америка, со тоа што рускиот дел би бил руски дел, а американскиот би се остварувал како вазалски односно колонијален статус на делот што нема да и припадне на Русија, можеме да си го објасниме со актуелниот однос на силите, имаме и психолошки тестови со кои можеме да ја измериме смрдеата на сите опортунисти кои преку ноќ стануваат трамписти и путинисти, но и во тој однос, како и во можните промени што извесно по некое време ќе се случат и во Русија и во Америка и во Украина и во целиот свет, тој акт во подготовка, ќе биде забележан на камената плоча на човештвото како најголем пораз од времето на нацистичката експанзија со холокаустот како врв на злосторничкиот систем за кој би било алибично да се каже дека бил луд или дека бил израз на лудило. Како и за овој денеска. Прво за американскиот третман на руската смртоносна агресија за која никаде освен во Белата куќа, не постои скала на мракобесието на која може да се измери.

За менталната состојба во која се наоѓа Трамп, постои само еден начин да му се приближи вистината за тоа што го работи: предавството на Украина и обвинувањето дека таа е виновна за војната, за милионите жртви, за киднапираните украински деца и разорените градови, села и инфраструктура.

Тоа е како тој да си го вади окото или да го замоли шефот на одделот за ефикасност на владата да го свирне во челото затоа што се чувствува одговорен за благиот потег со главата со кој го спречи атентаторот од Пенсилванија да го убие. За фактот дека е жив и способен да прави свињарии кои ќе ја изместат планетата од орбитата, да се обвини себе си, а не непрецизноста на човекот кој сакал да го спаси светот.

Хахаха!

Тоа е неговата логика.

Ако некој манијак ги нападне Меланија или Барон со сексуални и смртосни мевосечачки намери, тој да ги подели на два дела со мечот на некој коњанички офицер од Граѓанската војна и половинките да му ги даде на манијакот.

Знам дека ова звучи вулгарно, но не гледам друг начин кој би бил бо состојба да го објасни злото што го прави.

Во таа смисла им се извинувам на Меланија и на Барон во надеж дека ќе ја разберат добронамерноста, па дури и благородноста на контекстот во кој се споменати.

Што се од жнесува до Америка, таа веќе сега е најмала во целокупната своја историја. Тоа намалување ќе продолжи дури и ако го окупира Гренланд или ако ја освои Канада.

Како престолнина на технолошката револуција, која комплетно го релативизираше значењето на територијата како фактор на моќта, трампистичките олигарски би требало тоа да го знаат и да му го кажат на лудиот крал, но не гледам дека прават некакви напори во таа смисла.

Но,Америка, Америка која ја направи најголемата грешка, прво кон себе, а потоа и кон светот, го осознава поразот од една диригирана хистерија и инсталирана екипа за русификација и се буди, почнува многу јасно да разбира што се случуло, што направиле.

Јас верувам дека ќе направат се да ја вратат излеаната река на неразумот и лудоста во коритото на законот, на институциите.

Ако Америка сака повторно да биде голема, мора да биде социјално поурамнотежена, тоа е прво и основно, културно јака, морално рехабилитирана, економски супериорна и воено силна толку колку што тоа го бара прашањето за нејзината безбедност и нејзините обврски за тие проблеми кон светот.

Без Европа таа никогаш не може да биде ништо.

Односно секогаш ќе биде бегалски камп.

Вештачка нација која овие сакаат да ја направат ѓаволска.

А ако мисли да и ја препушти на Москва тогаш ќе мора да го послушаат Маск и да се преселат на Марс.

Први ќе треба да појдат водачите.

Нормално.

Па нација составена од имигранти ќе види дали ќе реши уште еднаш да се сели или ќе се почувствува спасена без лудаци на чело на колоната за никаде.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

колумна САД тричковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.