Сакајќи да се пишува за американската економија, неизбежно е да се спомене генералниот курс од Втората Светска војна па наваму, кој се потпира на континуираниот пораст на јавната потрошувачка и во голема мера на масивната интервенција од страна на владата. Ова сега се очекува дополнително да се интензивира со актуелниот претседател Џо Бајден кој превзема мерки за зголемување на улогата на државата, но тоа да не биде на штета на граѓаните. Неодамна Бајден смени четиридецениски закон, со кој овозможи конкуренција во економијата, зашто како што изјави „капитализам без конкуренција е експлоатација“. Иако како што рече за себе дека е ,,заколнат капиталист“ тој веројатно ја увидел опасноста што се создава со условно речено„ производството“ на огромна концентрација на моќ кај корпорациите и дека со тоа може да се насочат кон деструктивност. Тој ги повика најбогатите да си ги плаќаат давачките кон државата и дека тоа е фер, но и дека ако треба би се намалиле некои даноци, и што е најбитно во градењето на економијата со свои предлози би учествувале сите.
Деновиве, по повод првото шестмесечје од доаѓањето на чело на Соединетите Американски држави, Бајден гордо изјави „ нашиот економски план работи“. Во преносна смисла на зборот Бајден опиша какво општество е американското сега. „Ако некој ме праша дали можам да ги дефинирам САД со еден збор? Мојот одговор е:„ Можности“.

,,Пред да стапам на функцијата, имаше многу луѓе што направија неколку прилично храбри предвидувања за тоа како би се одвивале работите. Добро, вистина е дека економијата се распаѓаше пред да дојдам овде со само 60 илјади нови работни места месечно, пред да се заколнам Но сега 6 месеци подоцна ние го сменивме тоа. Отидовме од 60.000 работни места месечно, на 60.000 работни места на секои 3 дена или повеќе од 600.000 работни места месечно или повеќе од 3 милиони нови работни места за 5 месеци. Тоа е најбрзиот раст досега што се случил во историјата на било која администрација, што значи дека ,,Бајденовиот економски план функционира“, изјави американскиот претседател.
Бидејќи американските претседателски избори се случија во ек на пандемијата, тогаш што вети како кандидат дека „ќе потроши онолку колку што мора“,сега претседателот Бајден исполнува. Администрацијата почна да одобрува кредити за малите претпријатија и ги зголеми директните исплати за помош на семејставата околу 200 долари месечно во форма на социјална помош.Овие пари се од поништувањето на одлуката на екс американскиот претседателот Трамп, за намалување на даноците и од отпишување на долговите на студентскиот заем во износ од 10.000 долари од федералните позајмици.

Бајденовата поширока економска политика која беше наречена „изгради повторно подобро“, е во насока да ги задоволи традиционалните бирачи на демократите од редовите на младите и на општите работници. Па така неговите заложби за покачување на цената на работниот час на 15 долари, стана симбол на неговата партија но и на нејзиното вртење на лево. покрај тоа што му донесе огромна популарност кај младите.
Тука некаде се вбројуваат и плановите за вложување на 2 милијарди долари во „зелена енергија“ која е со цел да го поттикне „зеленото“ производство со што би и се помогнало на синдикалната работничка класа.
Како дел од Бајденовите економски планови се и тие да се искористат 400 милијарди долари федерални пари, за купување на американски производи во рамки на кампањата„ Купувај американско“, како и за нови транспортни проекти.Тој дури беше и критикуван кога во 2020 побара од Сојузната влада да вложи 300 милијарди долари во американски материјали, услуги, истражување и технологија.
Факт е дека американската економија претрпе огромни загуби почнувајќи од средината на минатата година откако претходно Трамп имаше тригодишен рекорд на здрава економија, ценат аналитичарите. Над 23 милиони американци останаа без работа, со што стапката на невработеност порасна на 14,7 одсто во споредба со 3.5 % само два месеци претходно. Овој момент го искористи Бајден да ,,сврти“ поголем дел од работничката и средната класа кон себе со презентација на планот„Build Back Better” или „Подобра обнова“.

Бајденовата економска политика се заснова и на инвестиции во американското стопанство проектирани на неколку милијарди долари, но факт е дека протежира и поголеми даноци и поголема регулација на пазарот. Обично со доаѓањето на Демократите на власт, бизнисмените се плашеа и коментираа дека повторно ќе настрада пазарот со акции и стопанството општо, базирајќи ги своите позиции врз искуството, но овој пат тоа не беше така. Волстрит застана со повеќе пари во изборната кампања на претседателот Бајден отколку што вложи во кампањата на Трамп, што секако се ценеше како силна поддршка од финансискиот сектор.
Некои аналитичари сметаат дека Бајден е самиот заслужен за тоа што Демократите овој пат имаа толку голема поддршка од бизнисот. Имено од почетокот на својата политичка кариера па се до 2009 година Бајден во Сенатот ги застапуваше интересите на Сојузната држава Делавер, позната по даночната политика и наклонетоста кон претпријатијата. Тогаш Бајден се појавил како силен лобист за финансиските куќи и фирми кои издавале кредитни картички. Инаку во Делавер се наоѓаат седиштата на големите компании нотирани на Волстрит со кои Бајден имал одлични односи а тие во него доверба. За разлика од него Трамп го нарекувале човекот „услуга за услуга“.
Мирјана Трпческа