Дел од пратките со оружје наменети од САД за курдките борци, завршиле во рацете на џихадистите во сирискиот град Кобани.
Во видео-порака објавена на интернет маскиран борец покажува пакет со падобран, за што се верува дека е една од американските пратки, јавува агенцијата АФП.
„Ова е амриканската помош наменета за неверниците. Фала му на Бога таа е наш плен“, се вели во видео-пораката.
АФП наведува дека портпаролот на Пентагон не ја потврдил информацијата, и соопштил дека американски аналитичари на Централната команда и Пентагон, ја проучуваат објавената снимка.
Од друга страна, Курдите кои го бранат сирискиот град Кобани соопштија дека очекуваат во блиска иднина да им се придружат борци од Курдистан.
Сириската Оперваторија за човекови права соопшти вчера дека 30 џихадисти и 11 курдки борци загинале во текот на 24 часа.
Борбите во Кобани траат повеќе од еден месец, а војската на ИД речиси контролира 50 отсто од градот.