Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американското разузнавање за Си-Ен-Ен: Иран со години далеку од нуклеарна бомба, а не месеци

0
By Marija Todorovska on June 17, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Pixabay
Фото: Pixabay
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И покрај тврдењата на Израел дека Иран бил само неколку месеци далеку од производство на нуклеарно оружје пред почетокот на превентивните израелски напади врз Техеран во петокот, американските разузнавачки проценки покажуваат дека Исламската Република не работела активно на производство на бомба и дека се потребни неколку години за да дојде до неа, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на четири извори запознаени со проценките на Вашингтон.

Според Си-Ен-Ен, „Иран не само што не работел активно на нуклеарно оружје, туку му требале и до три години за да произведе и испорача нуклеарна бомба до цел од свој избор“, пренесува Тајмс оф Израел.

Централната команда на САД, која ги надгледува воените активности на САД во Блискиот Исток, презентирала поитна проценка од цивилните разузнавачки тела, додава извештајот, наведувајќи дека пред изненадувачкиот напад на Израел, Централната команда верувала дека Иран би можел побрзо да произведе нуклеарна бомба ако реши да се впушти во таков потег, цитирајќи извор запознаен со дискусиите.

Иран, според Меѓународната агенција за атомска енергија, имал доволно високо збогатен ураниум за неколку бомби, но не презел конкретни чекори кон милитаризација.

На прашање на Фокс њуз во неделата за различните заклучоци на САД и Израел за иранските капацитети, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави: „Информациите што ги добивме и ги споделивме со САД беа апсолутно јасни дека тие работат на таен план за милитаризација на ураниумот. Се движеа многу брзо“.

Американски официјален претставник, цитиран во извештајот, изјавил дека според американското разузнавање, досегашните израелски напади можеби ја скратиле иранската временска рамка за развој на нуклеарно оружје за само неколку месеци. Експертите предупредуваат дека Израел веројатно ќе има потреба од американска воена помош за да нанесе трајна штета, особено на подземниот нуклеарен објект во Фордо.

CNN Изарел Иран нуклеарна бомба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.