Актерката Амернис Нокшиќи-Јовановска ја доби наградата за главна женска улога на фестивалот„ Фљака Е Јанарит“ за улогата во претставата „Прстот“ по текст на Дорунтина Баша, а во режија Агон Мифтари. Фестивалот се одржува во Косово, Гљилане, и има 23 годишна традиција. За истата улога Нокшиќи Јовановска минатата година ја доби и наградата на македонскиот фестивал „Војдан Чернодрински“.
Фотографија од преставата „Прстот“