Генералниот секретар на АИ, предупредува дека египетските власти се обидуваат да ја лимитираат слободата на медиумите. Тој го осудува Египет за затворањето на новинарите на Ал Џезира.
Во интервју за Ал Џезира, Салил Шети вели дека меѓународната заедница мора да го засили притисокот врз египетската Влада со што би се решила ситуацијата.
„За жал, она што се случи со новинарите на Ал Џезира е дел од поголемиот замав да се намали слободата на истражувачко новинарство и затоа го креваме гласот“, изјавува Шети, зборувајќи за напорите на организацијата да ја подгне свеста по ова прашање.
Тој надополнува дека потребни се слободни медиуми за слободно истражување, а доколку тоа го нема, тогаш нема ни демократско општество.
Од 29.декември минатата година, дописникот на Ал Џезира, Питер Грест, и продуцентите Бахер Мохамед и Мохамед Фахми се задржани во Египет. Обвинети се за ширење на лажни вести, кои претставуваат закана за безбедноста на државата.
Двајца новинари на каналот Ал Џезира, Абдула ал-Шами и Мохамед Бадер се во египетските затвори вече неколку месеци.
Американскиот сенатор, Џон Меккејн минатата недела исто така го осуди затворањето на новинарите на Ал Џезира, образложувајќи дека јасно е дека се крши слободата на медиумите.