Ана Андреева од денеска ќе биде одговорна за комуникациите и односите со јавност во Владата, на позицијата Секретар за комуникации и јавни политики во рамки на Канцеларијата на претседателот на Владата на Северна Македонија.
Андреева ја презема оваа функција од досегашниот Национален координатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец, кој ги водеше владините комуникации во периодот од август 2017 до денес.
Ана Андреева има долгогодишно професионално искуство на извршни менаџерски позиции во сферата на комуникациите во маркетинг агенциите и во граѓанскиот сектор.