НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе надмине 333 илјади

0
By Нова ТВ on February 6, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Следните три години значајно ќе растат расходите за исплата на пензии но и бројот на пензионери. Годинава, пензија ќе чекаат 320 300 пензионери. Во исто време, расте и дупката во фондовската каса, зависноста на државниот Пензиски фонд е се поголема од централниот Буџет, па така годинава само за редовна исплата на пензии треба да се одвојат 880 милиони евра, што во однос на лани претставува пораст за околу 34 милиони евра.

Додека сегашните прогнози и статистики не навестуваат оптимизам за долгорочна одржливост на пензискиот систем,  во тек се анализи за воведување на “Државна социјална пензија“. Упатените за “Порталб“ коментираат дека пред да се посегне по вакво решение, мора да  се направат длабински анализи и да се постават точно утврдени критериуми.

Близу 1 милијарда евра за исплата на пензии… 

Само за исплата на пензии годинава државата, односно Фонодт за пензиско осигурување ќе одвои 880 000 милиони евра. Според податоците од Стратегискиот план на фондот 2018-2020 година, оваа сума значително ќе биде  во пораст и следните години. Така во 2019 година за исплата на пензии ќе бидат потребни  917,7 милиони евра а во 2020 година  968,5 милиони евра или за две години, сумата потребна за редовна исплата на пензии ќе се зголеми за скоро 100 милиони евра. Еве колку пари за пензии ќе се одвојат во следните години:

2018 година   878,0 милиони евра

2019 година   917,5 милиони евра

2020 година   968,5 милиони евра

Растот на сумата на пари што ќе се одвојува за пензионерите е проследена и со пораст на бројот на пензионери. Годинава бројот на корисници на пензија, според официјалните податоци од ПИОМ ќе изнесува 320 300, догодина ќе се зголеми на 326 771 а во 2020 година бројот на пензионери ќе изнесува 333 306, или за две години бројката ќе порасне за 13 000 новопријавени пензионери. Споредбената анализа покажува дека бројот на пензионери е во постојан пораст, па така  на почетокот од 2017,  право на пензија од работничко осигурување, воени и земјоделски пензии  имале 307 610 луѓе. Сите овие показатели, според дел од економистите, не навестуваат одржлива финансиска позиција на државниот ПИОМ, во услови кога од друга страна, новите вработувања, особено во приватниот сектор, бавно се реализираат.

“Сега се отвора прашањето како да се даде и додели социјална државна пензија. Кај нас, во нашата економија и пензијата е на некој начин социјална давачка. Во нашето општество голем е бројот на граѓани кои не можат да живеат од социјална помош, не заработувааат па оттука и не плаќаат давачки на државата. Ние мора да направиме длабински анализи за состојбите, не зборуваме за некој спорадичен проблем што треба да се решени, туку за потреба од долгорочна одржливост на пензискиот систем. А за тоа се потребни нови вработувања, но по принципот  тој што ќе се вработи – да ја заработи платата, а не за субвенционирани вработувања, и не вработувања во јавен туку во приватен сектор“ – вели универзитетскиот професор Вачно Узунов.

Како што се зголемуваат расходите на државниот ПИОМ за исплата на пензии, така расте и неговата зависност од Буџетот. Лани, за исплата на пензии се потрошиле 832 милиони евра  што е за 41 милион евра повеќе од 2016 година. Фрапантни се податоците дека во 2000 година дефицитот бил 65 милиони евра а сега надмина 400 милиони евра. Владата најави реформи на пензисиот систем, но паралелно се работи и на анализи за  воведување и на државна социјална пензија.

“Оваа мерка ќе се спроведува многу претпазливо. Анализите покажуваат дека бројот на потенцијални корисници на овој тип на пензија изнесува околу 20 000 луѓе. Но, ова се само првични податоци. Ќе се утврдат јасни критериуми за тоа кој може да ја користи оваа пензија, лицето не смаа да има друг приход, да има континуиран престој во земјава, но ќе се земе во предвид и имотната состојба и вкупната социјална положба на потенцијалниот корисник“, објаснуваат од Владата.

Висината на државната социјална пензија според најавите треба да изнесува 40% од просечната старосна пензија.  Врз основа на прелиминарните бројки за можни корисници на социјалана државна помош, државната пензија ќе изнесува близу 90 евра. Симулацијата покажува дека за исплата на оваа сума на 20 000 луѓе, секој месец ќе бидат потребни по 1,8 милиони евра што на годишно ниво значи финансиска импликација од 21,6 милиони евра.

Од Министерството за труд и социјална политика потенцираат дека анализите за оваа мерка се во тек, и дека таа ќе се спроведе многу внимателно.

“Ги прибираме и анализираме податоците за лица кои имаат над 65 години возраст, немаат 15 години пензиски стаж и во најкраток период ќе доставиме предлог решенија за воведување на овој вид на пензија. Анализата треба да покаже и колку македонски државјани со возраст над 65 години остваруваат некакви други приходи.Целта е да се опфатат и граѓани кои веќе имале период на осигурување и определен период на работен стаж во Македонија, но тој стаж е под 15 години и немаат стаж на осигурување во друга држава со која Македонија применува договор за социјално осигурување или пак со странскиот пензиски стаж и македонскиот пензиски стаж не ги исполнува условите за старосна пензија.“ – објаснуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Во земјава, клучната пресвртници во пензискиот систем се воведе во 2007 година, кога се основаа и почнаа со работа и приватните пензиски фондови од првиот и вториот пензиски столб. Економистите, но меѓународните финансиски институции,  долго време предупредуваат дека во сегашните економски услови, вкупниот пензиски систем долгорочно не е одржлив. Од една страна секоја година има се поголем број на новопензионирани, во меѓувреме расходите за пензии се зголемија и како резултат на зголемување на пензиите а од друга страна пак новите вработувања се реализираа бавно, дел од нив повторно субвенционирани со државни пари.

Во Македонија  соодносот вработен – пензионер изнесува 2 према 1, односно на секои двајца  вработени има еден пензионер, што не е во согласност со европските стандарди и се смета за неодржлив тренд.

ПИОМ; пензии социјална пензија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.